![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/33/Igor_Stravinsky_LOC_32392u.jpg/640px-Igor_Stravinsky_LOC_32392u.jpg&w=640&q=50)
Игор Стравински
From Wikipedia, the free encyclopedia
Игор Фјодорович Стравински (руски: Игорь Фёдорович Стравинский; 17 јуни 1882 - Њујорк, 6 април 1971 ) — руски композитор, кого денес многу, и на запад и во неговата родна Русија, го сметаат за највлијателниот композитор на музика во XX век. Тој е олицетворение на Русите именуван од страна на TIME како еден од највлијателните луѓе на минатиот век. Со оглед на многуте признанија кои ги добил за своите композиции, се стекна со слава како диригент и пијанист, најчесто на премиерите на неговите дела. Композициската кариера на Игор Стрависнки е значајна поради нејзините стилски промени. Меѓународната слава прво ја стекна со своите три балети, кои ги нарачај Сергеј Дјагилев, а кои Бале Русе ги направи. Трите балети се Жар-Птица (1910), Петрушка (1911) и Посветување на Пролетта (1913) Посветување на пролетта, чија премиера предизвика бунт, го трансформираше начинот на кој подоцна композиторите гледаа на ритмичката структура. До денес, неговата визија за погански ритуали оживеа во имагинарна праисториска Русија која ја плени и воодушевува публиката. По руската фаза, за време на 1920-тите Стравински се окренува кон неокласицизмот. Делата од овој период се со намера за користење на традиционални музички инструментални форми (концерт, гросо, гуфа, синфонија), често криејќи ја мантијата на интезивни емоции под површина која остава впечаток на едноставност, а често и одаваат почит на музиката на претходните мајстори како што се Јохан Себастијан Бах, Џузепе Верди, Петар Илич Чајковски и др. Во текот на ’50-тите ги адаптираше сериските постапки користејќи нови техники во последните 20 години од својот живот за да напише дела кои се пократки и повеќе ритмички, хармонични и структурални, покомплексни од неговата музика пред тоа. И покрај таа комплексност неговите дела делат одлики со сите претходни дела. Ритмичка енергија, конструкција на проширените мелодични идеи од малите структури компонирајќи само две или три ноти, т.е чистотата придонесуваат за чистотата на формата, инструментацијата и изразувањето. Стравински бил писател и со помош на Алексис Роланд-Мануел го напишал делото “Поетика на музиката” во кое ја употребил позната реченица дека музиката е неспособна да “изрази ништо освен самата себе”. Голем број интервјуа во кој Стравински разговараше со Роберт Краф се издадени како книга под наслов “Разговори со Игор Стравински”. Тие двајца, соработувале на уште 5 изданија во текот на наредната деценија.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/33/Igor_Stravinsky_LOC_32392u.jpg/640px-Igor_Stravinsky_LOC_32392u.jpg)