1971
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1971 (MCMLXXI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1971 година од новата ера, 971. од вториот милениум, 71. од XX век и втора од 1970-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7479 и 7480 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6721 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5731 и 5732 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2724.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1971 година се протега во 4607 и 4608, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4667 и 4668 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2514. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1390 и 1391 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 25 јануари
- Во Уганда е извршен воен удар, по што на чело на државата доаѓа Иди Амин.
- Химачал Прадеш станува 18-та сојузна држава на Индија.
февруари
- 7 февруари - Швајцарија им дава право на жените на глас на изборите на ниво на држава, но не и во сите кантони.
март
април
мај
јуни
јули
август
- 14 август - Бахреин прогласува независност од Обединетото Кралство.
септември
- 3 септември - Катар добива независност од Обединетото Кралство. За разлика од другите емирати, Катар одбива да стане дел на Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија.
октомври
ноември
- 18 ноември - Оман добива независност од Обединетото Кралство.
декември
- 3 декември - Започнува Индо-пакистанската војна од 1971 година. Трае 13 дена, до 16 декември.
Remove ads
Родени
- 17 февруари - Дениз Ричардс, американска глумица
- 29 октомври - Винона Рајдер, американска глумица
Починале
- 27 јануари - Хакобо Арбенс, претседател на Гватемала
- 28 јануари - Панче Караѓозов, македонски хирург
- 5 февруари - Маќаш Ракоши, унгарски комунист и премиер
- 24 март - Арне Јакобсен, дански архитект
- 6 април - Игор Стравински, руски композитор
- 4 јуни - Ѓерѓ Лукач, унгарски марксистички филозоф
- 3 јули - Џим Морисон, американски пејач и текстописец на рок групата The Doors
- 6 јули - Луис Армстронг, американски пејач
- 15 октомври - Петар Шанданов, учесник во македонското револуционерно движење
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads