Инвазија на Варшавскиот пакт на Чехословачка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Инвазија на Варшавскиот пакт на Чехословачка — инвазија која се случила на 20-21 август 1968 година над Чехословачката Социјалистичка Република од страна на четири земји од Варшавскиот пакт: Советскиот Сојуз, Полската Народна Република, Народна Република Бугарија и Унгарската Народна Република.[19] Инвазијата ги запрела реформите за либерализација на Прашката пролет на Александар Дубчек и го зајакна авторитарното крило на Комунистичката партија на Чехословачка (КСЧ).
Инвазија на Варшавскиот пакт на Чехословачка Операција Дунав |
|||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Студена војна, Кинеско-советски раскол, Албанско-советски раскол, Романско-советскиот раскол, Југословенско-советски раскол и Протести во 1968 година | |||||||
Фотографија на советски T-54 во Прага за време на окупацијата на Чехословачка од Варшавскиот пакт. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Варшавски договор: СССР Полска Бугарија Унгарија Логистичка подршка: Источна Германија[б 1] Дипломатска подршка: Куба[1] Северна Кореја[1] Северен Виетнам[1] Монголија[2] | Czechoslovakia Дипломатска подршка: Романија[3] Југославија[4] Албанија Кина[5] |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Леонид Брежнев Николај Подгорни Алексеј Косигин Андреј Грешко Иван Јакубовски Константин Провалов Владислац Гомулка Мариан Спихалски Јозеф Циранкевич Војчех Јарузрлски Bolesław Chocha [pl] Флоријан Сивички Тодор Живков Добри Џуров Јанош Кадар Лајош Цинеге Валтер Улбрихт Дипломатска подршка: Фидел Кастро Ким Ил-сунг Хо Ши Мин[6] Јумџагин Цеденбал | Александар Дубчек Лудвик Свобода Олдрих Черник Мартин Џур Дипломатска подршка: Николае Чаушеску Јосип Броз Тито Енвер Хоџа Мао Це Тунг Џоу Енлај |
||||||
Сила | |||||||
Почетна инвазија: 250,000 (20 divisions)[7] 2,000 тенкови[8] 800 авиони Врвна јачина:[9] 350,000–400,000 Советски трупи, 70.000-80.000 од Полска, Бугарија и Унгарија 6,300 тенкови[10] | 235,000 (18 девизии)[11][12] 2,500–3,000 tanks |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
96 убиени (84 во несреќи) 87 повредени[13] 5 војници извршиле самоубиство[14] 10 загинати (во несреќи и самоубиства)[15] 4 загинати (во несреќи) 2 загинати | 137 убиени цивили и војници,[16] 500 тешко ранети[17] | ||||||
70.000 чехословачки граѓани побегнале во Западниот блок веднаш по инвазијата. Вкупниот број на емигранти пред Кадифена револуција достигнал 300.000.[18] |
Околу 250.000 војници од Варшавскиот пакт (подоцна се зголемиле на околу 500.000), поддржани од илјадници тенкови и стотици авиони, учествувале во операцијата во текот на ноќта, која била наречена Операција Дунав. Социјалистичка Република Романија и Народна Република Албанија одбиле да учествуваат,[20] додека источногерманските сили, освен мал број специјалисти, добиле наредба од Москва да не ја преминуваат чехословачката граница само неколку часа пред инвазијата поради стравувањата од поголем отпор доколку бидат вклучени германски трупи, поради претходната германска окупација.[21] 137 Чехословаци биле убиени и 500 тешко ранети за време на окупацијата.[17]
Јавната реакција на инвазијата била широко распространета и поделена. Иако мнозинството од Варшавскиот пакт ја поддржале инвазијата заедно со неколку други комунистички партии ширум светот, западните земји, заедно со Албанија, Романија и особено Народна Република Кина го осудиле нападот. Многу други комунистички партии го загубиле влијанието, го осудиле СССР или се распаднале поради спротивставени мислења. Инвазијата започнала низа настани што на крајот ќе доведат до тоа Брежњев да воспостави мир со американскиот претседател Ричард Никсон во 1972 година по историската посета на вториот на Кина.