![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b9/Flag_of_North_Vietnam_%25281945%25E2%2580%25931955%2529.svg/langmk-640px-Flag_of_North_Vietnam_%25281945%25E2%2580%25931955%2529.svg.png&w=640&q=50)
Северен Виетнам
поранешна социјалистичка република во Југоисточна Азија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Северен Виетнам, официјално наречена Демократска Република Виетнам (виетнамски: Việt Nam Dân chủ Cộng hòa), била социјалистичка држава во Југоисточна Азија која постоела од 1945 до 1975 година, а формален суверенитет целосно ѝ бил признат во 1954 година. Како членка на Источниот блок, таа била спротивставена на државата Виетнам која имала француска поддршка, а подоцна и на Република Виетнам (Јужен Виетнам) која била сојузник на Западот. По победата на Северен Виетнам над Јужен Виетнам во 1975 година, двете држави биле обединети и се оформила денешната Социјалистичка Република Виетнам.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Демократска Република Виетнам | ||||||
Việt Nam Dân chủ Cộng hòa (јазик?) | ||||||
Непризната држава (1945–1954) Суверена држава (1954–1975) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло "Độc lập – Tự do – Hạnh phúc" "Независност – Слобода – Радост" | ||||||
Химна "Tiến Quân Ca" "Воен марш" | ||||||
![]() | ||||||
Главен град | Ханој | |||||
Вероисповед | Државен атеизам | |||||
Уредување | Унитарна марксистичко-ленинистичка еднопартиска социјалистичка република | |||||
Претседател на Работничката партија | ||||||
- | 1945–1956 | Чионг Тјин (Генерален секретар) | ||||
- | 1956–1960 | Хо Ши Мин (Генерален секретар) како Претседавач (1951–1969) | ||||
- | 1960–1975 | Ле Зуан (Прв Секретар) | ||||
Претседател | ||||||
- | 1945–1969 | Хо Ши Мин | ||||
- | 1969–1975 | Тон Дик Тан | ||||
Премиер | ||||||
- | 1945–1955 | Хо Ши Мин | ||||
- | 1955–1975 | Фам Ван Донг | ||||
Законодавство | Државно собрание | |||||
Историја | ||||||
- | Основана | Внесете почетна година | ||||
- | Замрела | Внесете завршна година | ||||
Површина | ||||||
- | 1945 | 331 212 км² | ||||
- | 1968 | 331 212 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1945 | ок. 20 милиони | ||||
Густина | Грешка во изразот: Неочекуван оператор < жит/км² | |||||
- | 1968 | 18 700 000 | ||||
Густина | Грешка во изразот: Неочекуван број жит/км² | |||||
- | 1974 | 23 800 000 [1] | ||||
По Втората светска војна, за време на Августовската револуција, виетнамскиот комунистички револуционер Хо Ши Мин прогласил независност на 2 септември 1945 година и го прогласил создавањето на Демократска Република Виетнам. Виет Мин (официјално „Лига за независност на Виетнам“), предводена од комунисти, била основана во 1941 година за да ги привлече пошироките народни маси.
Уште од почетокот, Виет Мин се обидел да ја консолидира моќта преку пресметки со другите националистички групи.[2][3][4] [5] [6][7] Во меѓувреме, Франција се обидела да ја потврди својата колонијална доминација над Виетнам по Втората светска војна, што во декември 1946 година ја поттикнало Првата индокинеска војна. За време на оваа герилска војна, Виет Мин ги зазела и ги држела под контрола руралните области во Виетнам, што довело до пораз на Франција во 1954 година. Со Женевската конференција истата година бил ставен крај на војната и била призната независноста на Виетнам. Со Женевскиот договор земјата била привремено поделена на северна и јужна зона долж 17-та северна паралела, и за јули 1956 година биле закажани општи избори кои требало да „донесат обединување на Виетнам“.[8] Северната зона била под контрола на Демократска Република Виетнам и обично била нарекувана Северен Виетнам, а јужната зона, под контрола на де јуре некомунистичката Држава Виетнам, обично била нарекувана Јужен Виетнам.
За имплементација на Женевскиот договор надзор вршела меѓународна комисија составена од Индија, Канада и Полска, кои ги претставувале неврзаните, капиталистичките и комунистичките блокови, соодветно. Соединетите Држави, кои не го потпишале Женевскиот договор, изјавиле дека „ќе продолжат да се залагаат за обединување преку слободни избори надгледувани од Обединетите нации кои треба да се гарант за спроведување на фер избори“. Во меѓувреме, Државата Виетнам силно се спротивставила на поделбата на земјата.[9] Нејзиниот премиер Нго Џин Дим во јули 1955 година изјавил дека Државата Виетнам нема да учествува на изборите. Тој тврдел дека неговата држава не го потпишала Женевскиот договор и затоа нема никакви обврски кон него,[10] и дека е загрижен дека под режимот на Виет Мин во Северен Виетнам би се одржале неслободни избори.[9] Во октомври 1955 година, владата на Дим одржала сопствен референдум, кој бил спроведен со изборна измама, со цел соборување на шефот на државата Бао Дај и основање на Република Виетнам со Дим како нејзин прв претседател.[11][12]
Неуспехот за обединување на земјата преку референдум, во 1955 година, ја предизвикало Виетнамската војна. Поддржани од комунистичките сојузници, најмногу од Кина и од Советскиот Сојуз, Народна армија на Виетнам (војската на Северен Виетнам) и герилските војски на Виетконг со седиште во Јужен Виетнам се бореле против војската на Јужен Виетнам.[13] За да спречат создавање на нови комунистички земји во Југоисточна Азија, САД интервенирале во конфликтот, потпомогнати од војските на Западниот блок, Јужна Кореја, Австралија и Тајланд, кои воено го поддржувале Јужен Виетнам. Конфликтот се проширил и во соседните земји. Северен Виетнам ги поддржал Патет Лао во Лаос и Црвените Кмери во Камбоџа против нивните влади поддржани од САД. До 1973 година, Соединетите Држави и нивните сојузници биле принудени да се повлечат од војната, а Јужен Виетнам кој останал без поддршка бил брзо совладан од супериорните сили од Северен Виетнам.
Виетнамската војна завршила на 30 април 1975 година. Контролата врз Јужен Виетнам ѝ бил доделен на Привремената револуционерна влада на Виетконг, што на 2 јули 1976 година довело до повторно обединување на Виетнам и создавањето на денешната Социјалистичка Република Виетнам. По војната во Виетнам, обединетата виетнамска држава се соочила со економски пад,[14] бегалски кризи и конфликти со Црвените Кмери во 1977 година и Кина во 1979 година. Обединетата социјалистичка република ја задржала политичката култура и економскиот систем по советски терк и членувала во организации од Источниот блок како СЕВ.