Карбоксилна киселина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Карбоксилните киселини се органски киселини чија функционална група е карбоксилната група (-COOH). Таа се состои од ацил (карбонилна) група поврзана со хидроксилна група (OH), со тоа што кај мравската киселина за карбоксилната група е поврзан еден водороден атом наместо радикал. Општата формула на карбоксилните киселини е R-COOH. Тие се среќаваат во организмот на многу растенија (како коприви) и животни (како мравките).
Поделбата на карбоксилните киселини може да се прави на повеќе начини:
- видот на радикалот: алифатични, ароматични киселини итн.
- бројот на карбоксилните групи: монокарбоксилни, дикарбоксилни киселини итн.
- супституирани карбоксилни киселини: хидрокси киселини, аминокиселини, оксикиселини итн.