From Wikipedia, the free encyclopedia
Во хемијата, радикалите (често нарекувани и слободни радикали) се атоми или молекули со неспарени електрони. Овие неспарени електрони се обично многу реактивни, па затоа радикалите влегуваат во хемиска реакција. Радикалите играат многу голема улога во атмосферската хемија, плазма хемијата, биохемијата, човечката физиологија и во многу други слични дисциплини. На пример, супероксидите и азотните оксиди регулираат многу биолошки процеси. Првиот органски слободен радикал (трифенилметил радикалот) беше идентификуван од Мојсеј Гомберг во 1900 година.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Атомското јадро го обиколува електронски облак, полн со електрони. Овие електрони го обиколуваат атомското јадро во парови, но се случува атомот да загуби еден електрон, со што тој останува со еден неспарен електрон. Ваквиот атом се нарекува "слободен радикал", или понекогаш се среќава само како "радикал" и е многу реактивен. Најголемиот дел од биолошки-значајните слободни радикали се изразито реактивни. Кога во клетките од телото ќе се најде радикал, истиот е многу реактивен и може да предизвика уништување на клетката. Тоа може да се манифестира со појава на разни типови на злоќудни заболувања и хронични дегенеративни заболувања, како што се: артритис, атеросклероза, Алцхајмерова болест и дијабетес.
Според теоријата за слободните радикали и нивното влијание врз стареењето на клетките, која за првпат е објавена од Denham Harman во 1956 г.[1] ; клетките постојано произведуваат слободни радикали, a постојаното оштетување од страна на радикалите, на крајот ја убива клетката. Тој претпоставил дека ендогените кислородни радикали (О2- •), настанати како резултат на ензимските редукциони процеси во клетката, можат да доведат до оштетување и стареење на клетката, мутагени промени на клетката и канцерогени промени на клетката, на сличен начин како и при дејство на јонизирачко зрачење. Сите негови претпоставки се потврдуваат во последните 40 години.[2]
Одликите на О2 молекулата да прифаќа само еден електрон од други радикали во единица време, доведува до реална можност за формирање на кислородни радикали (О2- • и H2O2), кои пак заедно можат да го генерираат екстрмно реактивниот хидроксилен радикал (• OH). Сите овие радикали се вклучени во т.н. оксидативна токсичност на клетката и заеднички се нарекуваат "оксиданси". Во текот на клеточното дишење на ниво на аеробната клетка – во ланецот на транспорт на електрони, што се случува во митохондриите, понекогаш се случува електронот што доаѓа неправилно да се врзе за кислородот, при што се формира кислородниот радикал. Натрупаните кислородни радикали, најмногу ја оштетуваат митохондриската ДНК (mtDNA), а ја оштетуваат и јадрената ДНК. Тоа доведува до постепено стареење и умирање на клетката.[3]
Со заштитување на ДНК од дејството на радикалите, се успорува стареењето на лабораториските животни. Некои лаборатории успеале да создадат овошни муви кои живеат за една третина подолго од нормалните овошни муви.[4] Овие лаборатории, генетски ги измениле овошните муви и направиле тие да создаваат повеќе природни антиоксиданси. Антиоксидансите се молекули кои ги елиминираат радикалите, па така зголеменото ниво на антиоксидансите врши превенција на штетното дејство кое радикалите и го нанесуваат на митохондриската ДНК. Други лаборатории пак, едноставно го намалиле доводот на храна на лабораториски стаорци, што резултирало со зголемување на максималниот животен век за 50% во споредба со животниот век на стаорците на кои им е дозволено да јадат слободно.[5] Митохондриите, внатре во прегладнетите стаорци, не се снабдуваат со доволно материјал за да функционираат со целосен капацитет. Поради тоа, во ланецот на транспорт на електрони во митохондриите на прегладнетите стаорци се пренесуваат помалку електрони. Со помалку пренесени електрони, се создаваат помалку кислородни радикали, па стареењето се забавува.
Главен проблем во теоријата за слободните радикали и нивното влијание врз стареењето на клетките е неуспехот на антиоскидансите во форма на диетални додатоци, како што се витамин E и витамин Ц, значително да го продолжат максималниот животен век. Поборниците на теоријата за слободните радикали сметаат дека диеталните антиоксиданси, за разлика од природните, кои ги произведуваат клетките, не успеваат да стигнат до митохондриската ДНК, па затоа и не можат да ја заштитат. Интересно е што, иако антиоксидансите кои се користат како додатоци во храната не успеваат да го зголемат максималниот животен век, ги зголемуваат шансите за проживување на тој максимален животен век. Ова веројатно се должи на антиоксидансната заштита од оштетување на другите делови од клетката, како што се клеточните белковини и мембраните, од страна на слободните радикали.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.