Карл Шуман
германски атлета / From Wikipedia, the free encyclopedia
Карл Шуман (12 мај 1869 - 24 март 1946 ) бил германски спортист кој со 4 златни медали бил најуспешниот спортист на првите модерни олимписки игри, одржани во Атина во 1896 година.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/6a/Schuhmann_flatow_weingartner.jpg/220px-Schuhmann_flatow_weingartner.jpg)
Карл Шуман се родил во Минстер. Тој бил член на моќната германска гимнастичка репрезентација на игрите. Шуман освоил златни медали во разбој и вратило во тимска конкуренција и во прескок. Исто такла се натпреварувал во поединечна конкуренција во разбој, коњ со рачки и кругови, но немал некој позначителен успех. Има податок според кој, тој завршил петти во дисциплината кругови.
Покрај својот успех во гимнастика, Шуман остварил успех и во борење освојувајќи го златниот медал во Грчко-римски стил.
Карл Шуман се натпреварувал и во кревање тегови и атлетика. Во атлетика, се натпреварувал во конкуренција на 9 атлетичари во скок во далечина, но според некој несигурен извор на податоици не се пласирал помеќу најдобрите 4. Петти бил во трискок, а во фрлање ѓуле завршил помеќу последните 3 натпреварувачи од 7 колку што се натпреварувале.