Кентаур (астероид)
класа на планетоиди / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кентаурите — мали тела во Сончевиот Систем чии перихел или голема полуоска е меѓу оние на надворешни планети. Тие вообичаено имаат нестабилни орбити бидејќи минуваат низ или поминале низ орбитите на една или повеќе џиновски планети, скоро сите орбити имаат динамички живот од неколку милиони години,[1] но постои еден кентаур, 514107 Каʻепаокаʻавела, за кој се верува дека е во стабилна (повратна) орбита.[2] За критиките на оваа идеја Погледајте.[3] Кентаурте вообичаено според одликите се и астероиди и комети. Именувани се според митолошките суштества кентаури кои биле половина коњ и половина човек. Постоењето на пристрастност кон големите тела го отежнува определувањето на вкупната бројност на Кентаурте. Проценките за бројноста на кентаурте во Сончевиот Систем со пречниците поголеми од 1 km е од околу 44.000[1] па сè до повеќе од 10.000.000[4][5]
Кентаурите воопштено се во внатрешноста на Кајперовиот Појас и надвор од Јупитеровите тројанци.
|
|
Првиот забележан кентаур, според дефиницијата на лабораторијата за реактивен погон и онаа која се користи во текстот, е 944 Идалго од 1920 година. Но сепак, тие не биле препознати како различна групација сè до откривањето на 2060 Хирон во 1977 година. Најголемиот потврден кентаур е 10199 Харикло, чиј пречник е 260 километри односно со големина на астероид со средна големина од флавниот астероиден појас, и се знае дека поседува прстени. Забележан е во 1997 година. Сепак, загубениот кентаур 1995 SN55 можно е да е поголем. Заднептунецот 2018 VG18, кој според пошироката дефиниција е кентаур, можно е да е уште поголем.
Досега ниту еден Кентаур не е фотографиран од близу, иако постојат докази дека Сатурновата месечина Феба, снимена од сондата Касини во 2004 година, е зафатен Кентаур кој потекнува од Кајперовиот Појас.[6] Дополнително, Хабл дал определени информации за површинските особености на 8405 Асбол.
1 Церера можно е да потекнува од областа на надворешните планети,[7] и доколку е така тогаш ова тело е поранешен Кентаур, но Кентаурте кои се забележани денес сите потекнуваат од друго место.
Од телата за кои се знае дека се во орбити како оние на Кентаурте, околу 30 од нив имаат налик на комета коми, од кои три, 2060 Хирон, 60558 Ехекел и 29P/Швасман-Вахман 1, имаат нивоа на создавње на испарливости во орбити зад Јупитеровата[8]. Хирон и Ехеклзатоа се класифицирани како астеориди и комети, додека пак Швасман-Вахман 1 отсекогаш имала ознака за комета. Другите Кентаур, како што е 52872 Окироја, постои сомнеж дека поседува кома. Секој Кентаур кој преку растројување се приближил до Сонцето се очекува да стане комета.