Кревет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кревет (турски: kerevet), постела или легло – дел од мебелот што служи за спиење[1][2][3]. Облиците и големините на креветите се многу различни.
Првобитните кревети биле само куп слама или некој друг природен материјал. Битна промена била изработката на цврсти конструкции кои биле издигнати над земја, со што се постигнала поголема заштита од прашина и инсекти. Според видот материјал од кој е изработена конструкцијата, креветите може да бидат: дрвени, метални и дрвено-метални.