Кристијан Хајгенс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кристијан Хајгенс (холандски: Christiaan Huygens; 14 април 1625 - 8 јули 1695 ) — холандски математичар, астроном, физичар и хоролог.
Кратки факти Кристијан Хајгенс, Роден(а) ...
Кристијан Хајгенс | |
---|---|
портрет на Кристијан Хајгенс | |
Роден(а) | 14 април 1629(1629-04-14) Хаг, Холандска република |
Починал(а) | 8 јули 1695(1695-07-08) (возр. 66) Хаг, Холандска република |
Живеалиште | Холандија, Франција |
Националност | Холанѓанец |
Полиња | Физика Математика Астрономија Хорологија |
Установи | Кралско друштво на Лондон Француска академија на науките |
Образование | Универзитет Лиден Анжевски Универзитет |
Познат по | Титан Објаснување на прстените на Сатурн Центрифугална сила Сударна формула Механички часовник Хајгенс-Френелов принцип Бранова теорија Бирефрингенција Еволута Окулар |
Влијание од | Галилео Галилеј Рене Декарт Франс фон Шутен |
Влијаел врз | Готфрид Вилхелм Лајбниц Исак Њутн[1][2] |
Затвори
Хајгенс бил син на богат холандски трговец. Францускиот филозоф Рене Декарт го насочил во првите проучувања, а студирал право и математика на Универзитетот во Лајден пред да се посвети на науката. Освен инзвонредната теорија за светлината, тој е познат и по значајниот научен придонес, на пример, развојот на начинот на пресметување и првата книга за теоријата на веројатноста. Тој ги конструирал најсовршените телескопи во тоа време, го открил најголемата месечина на Сатурн и го открил часовникот со клатно.