Ксенија Пајчин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ксенија Пајчин (српски: Ксенија Пајчин, 3. декември 1977., Белград - 16 март 2010 , Белград) — српска пејачка, моден творец и фотомодел.[1]. Ксенија Пајчин е по родум од Босна и Херцеговина.
Ксенија Пајчин | ||
Родена | 3 декември 1977 Белград, СР Србија, СФРЈ | |
---|---|---|
Починала | 16 март 2010(2010-03-16) (возр. 32) Белград, Србија убиство | |
Националност | Србинка | |
Народност | Србинка | |
Позната | пејачка, моден творец и фотомодел | |
Занимање | пеење |
Својата кариера ја започнала како танчерка во дискотеки. Понатака, таа станала член на музичката група „The Duck“ и со песната „Дачо, те сакам“ (Дачо, волим те) оваа група ја забележува својата популарност. По напуштањето на групата, Ксенија ја започнува својата соло кариера и станува сопственик на училиште за танцување во Белград.
На 16 март 2010 година, Ксенија Пајчин трагично и мистериозно го завршила својот живот.[2] Таа била пронајдена мртва во својот стан со прострелна влезна и излезна рана во главата и до неа било нејзиното момче Филип Каписода со прострелна рана. Се верува дека се работи за убиство на Ксенија и самоубиство кои ги извршил Филип.[3]