партија во Велика Британија From Wikipedia, the free encyclopedia
Лабуристичка партија (англиски: Labour Party; во буквален превод Работничка партија) е една од двете водечки политички партии во Обединетото Кралство, опишана како сојуз на социјалдемократи, демократски социјалисти и синдикалци.[16]
Лабуристичка партија | |
---|---|
Податотека:Labour Party (UK) logo.svg | |
Лидер | Кир Стармер |
Гесло | "Подобра, позелена иднина" (2022)[1] |
Основана | 27 февруари 1900[2][3] |
Претходник | Претставнички комитет на работниците |
Штаб | |
Младина | Млади лабуристи |
Идеологија | |
Полит. положба | Лев центар[15] |
Меѓународна припадност | Прогресивна алијанса Социјалистичка интернационала (набљудувач) |
Европска припадност | Партија на европски социјалисти |
Бои | Црвена |
Мрежно место | |
labour.org.uk | |
Политика на Обединето Кралство Политички партии Избори |
Основана е во 1900 година како наследник на синдикалното движење и социјалистичките партии од 19 век. На почетокот од 1920-тите ја престигнала Либералната партија и станала главна опозиција на Конзервативната партија при што формирала две малцински влади под Рамзи Мекдоналд во 1920-тите и раните 1930-ти.
Политичките програми на лабуристите соодветствуваат со социјалдемократијата на европскиот континент, а по Втората светска војна примениле многу од овие идеи, меѓу кои национализацијата на клучните државни индустриски гранки и кејнзијанската економска политика.
Во 1979 г. биле поразени од конзервативците на Маргарет Тачер и останале во опозиција речиси две децении.
На крајот на 20 век, ги отфрлиле социјалдемократските принципи од нивната програма и ја презеле тачеристичката економска политика и политиката на Трет пат, промовирајќи ги „Новите лабуристи“.[17][18][19][20] По ова дошле на власт и уште двапати победиле на парламентарни избори. По поразот на парламентарните избори во 2010 година преминале во опозиција. Тогаш, Ед Милибанд го презел водството со партијата но поднел оставка по поразот на општите избори во Обединетото Кралство во 2015 година.[21]
Актуелниот водач на Лабуристичката партија е Кир Стармер, кој во 2019 година на внатрепартиски избори ја победил неговата соперничка Ребека Лонг-Бејли, кои се одржале откако Џереми Корбин ја објавил својата оставка како лидер на партијата по неуспехот на општите избори во 2019 година.[22]
Значајни членови на Лабуристите низ годините се: Ремзи Мекдоналд, Клемент Атли, Хју Гејтскел, Харолд Вилсон, Џејмс Калахан, Тони Блер, Гордон Браун.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.