Политичка партија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Политичка партија
Remove ads

Политичка партија или политичка странка е здружение на луѓе со исти политички цели и убедувања, кои се стремат да ја освојат државната власт за да ги остварат своите цели. Политиката на партијата често претставува агрегација на интересите во рамките на партијата, кои неизбежно варираат дури и помеѓу членовите на иста партија. При одредени изборни ситуации, потипични при пропорционални отколку при мнозински избори, владата може да биде формирана од повеќе партии, при што таквата влада се вика коалициона влада.

Thumb
Плакат за изборите во Европскиот парламент, 2004 г. во Италија, на кој се гледа списокот на партии
Кратки факти Серијал за Политика:, Подсерии од Политика ...
Remove ads

Партиски системи

Партиските системи можат да бидат еднопартиски, двопартиски и повеќепартиски.

  • Во еднопартиските системи само една партија може да биде на власт. Во одредена држава со еднопартиски систем може да биде дозволено постоењето и на други партии, но во тој случај тие не можат да дојдат на власт. Ваква беше ситуацијата со неколку источноевропски комунистички системи како Источна Германија, Полска, Чехословачка и Бугарија.
  • Двопартиски системи има во оние држави каде што се доминантни само две политички партии и каде победник на изборите може да биде само една од нив. Типичен пример за двопартиски системи се САД и Јамајка.
  • Повеќепартиски системи се системи каде што врз политичките процеси во земјата влијаат три и повеќе партии. Најголемиот број демократски системи имаат повеќепартиски системи.
Remove ads

Политичките партии во светот

Бројот на политичките партии се разликува од земја до земја. така, во 2016 година, во Бугарија имало 137 партии, во Босна и Херцеговина имало 130 партии, а во Хрватска 122 партии. Во Србија биле регистрирани 90 партии, во Шведска имало 75 партии, во [[Македонија 58, во Црна Гора 45, а во Словенија имало 30 партии. Како земји со помал број партии се издвојуваче: Албанија (13), Косово (18) и Велика Британија, со 12 партии.[1]

Remove ads

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads