Тифон (митологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тифон (Тифаон, Тифеој) (грчки: Τυφών; Τυφάων; Τυφωεύς) во старогрчката митологија бил моќен бог, син на Тартар и Геја. Опишан е како страшно суштество со голема сила и стотици змиски глави на рамењата.[1] Од очите исфрлал оган, а се огласувал со страшен лавовски рик или кучешко лаење. Тој е татко на многу познати чудовишта како што се кучињата Орт и троглавиот Кербер, Ларнејската хидра и Химера, а ги родила Ехидна. Ова божество би владеело со светот кога Зевс не би го спречил. Во врска со нивниот конфликт постојат повеќе приказни.[2]