From Wikipedia, the free encyclopedia
Михаел Рико Ланг (роден на 8 февруари 1991) — швајцарски фудбалер, играч од одбраната на Вердер Бремен, на заем од Борусија Менхенгладбах, и на швајцарската репрезентација.
Михеал Ланг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Михаел Рико Ланг[1] | ||
Роден на | 8 февруари 1991 | ||
Роден во | Егнах, Швајцарија | ||
Држава | Швајцарија | ||
Висина | м[2] | 1,85||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вердер Бремен | ||
Број | 4 | ||
Младинска кариера | |||
Ст. Гален | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006-2011 | Ст. Гален | 57 | (3) |
2011-2015 | Грасхопер | 127 | (12) |
2015-2018 | Базел | 87 | (16) |
2018-2019 | Б. Менхенгладбах | 17 | (1) |
2019- | → Вердер Бремен | 1 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2005-2007 | Швајцарија 16 | 11 | (1) |
2007-2008 | Швајцарија 17 | 19 | (2) |
2008-2009 | Швајцарија 18 | 7 | (0) |
2009-2010 | Швајцарија 19 | 16 | (3) |
2010-2012 | Швајцарија 20 | 11 | (3) |
2013- | Швајцарија | 29 | (3) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2012 ** Ажурирано на: 6 јануари 2012 |
Ланг ја започна својата професионална кариера во екипата на Санкт Гален во Швајцарската Супер лига. Во мај 2007 на возраст од само 16 години, тој го направил своето деби за првиот тим на Санкт Гален во првенствен натпревар против Арау кој завршил нерешено 1-1, со што станал еден од најмладите дебитанти во швајцаркото првенство. Во сезоната 2009-2010 во која Санкт Гален се вратил во Швајцарската Супер лига по една сезона отсутсво, Ланг успеал да се утврди во првиот тим зелено-белите и останал незаменлив стартер во текот на оваа и на следната сезона. Вкупно за Санкт Гален одриграл 74 натпревари и постиганал 5 гола.
Во летото 2011, Ланг потпишал четиригодишен договор со екипата на Грасхопер. Своето деби за новиот клуб го направил на 27 август 2011, во поразот на домашен терен со 0-1 од Луцерн. Во сезоната 2012-2013 го освоил Купот на Швајцарија, негов прв трофеј во кариерата, откако скакулците го победиле Базел во финалето со 5-4 на пенали; Ланг го одиграл целиот натпревар во финалето и бил единствениот изведувач на пенал на Грасхопер кој промашил, но за негова среќа тоа не се рефлектирало на крајниот исход на натпреварот. Во сезоната 2014-2015 - неговата последна во клубот од Цирих - Ланг постигнал 5 гола за Грасхопер во лигата и пропуштил само еден лигашки натпревар поради суспензија, а во вториот дел од сезоната станал и капитен на клубот поради повредата на главниот капитен Даниел Павловиќ. Вкупно за Грасхопер одиграл 152 натпревари и постигнал 14 гола.
На 1 јуни 2015, Ланг како слободен играч му се приклучил на тогашниот актуелен швајцарски шампион Базел.[3] Своето деби за Базел го направил на 19 јули 2015 во натпреварот против Вадуц во лигата во победата со 2–0.[4] Својот прв гол за новиот клуб го постигнал само една недела подоцна, на 25 јули, за време на гостувањето против неговиот поранешен клуб Грасхопер. Тоа бил последниот гол во натпреварот со кој Базел победил со 3-2.[5] Под водство на тренерот Урс Фишер Ланг го освоил швајцарското првенство на крајот на сезоната 2015-2016[6] и повторно на крајот на сезоната 2016-2017. Во втората сезона тие го освоиле и Купот на Швајцарија, што била шестата двојна круна за Базел во историјата на клубот.[7]
Во текот на сезоната 2017-2018, Ланг го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 5-0 над Бенфика во групата на домашен терен на 27 септември 2017.[8] Потоа, исто така во групната фаза, на 22 ноември тој го постигнал единствениот гол во 89-тата минута од натпреварот против Манчестер Јунајтед со кој Базел го победил славниот англиски клуб со 1-0 на Сент Јакоб Парк.[9] Само три дена подоцна на 25 ноември 2017, постигнал два гола во победата со 4-1 на гостувањето кај Луцерн во првенството, а истото го повторил и четири дена подоцна против истиот противник во Купот на Швајцарија во победата со 2-1 на домашен терен. Ланг постигнал гол и во нокаут-фазата од Лигата на шампионите против Манчестер Сити во победата на Базел со 2-1 на Етихад.[10] Иако Ланг на личен план имал одлична сезона во која на 44 настапи постигнал 10 гола во сите натпреварувања, Базел не успеал да ја одбрани титулата во првенството по осум освоени титули по ред завршиле како втори зад Јанг Бојс а од истиот противник биле елиминирани и во полуфиналето на купот.
Во јуни 2018, Ланг потпишал четиригодишен договор со германската Борусија Менхенгладбах во трансфер вреден 2.8 милиони евра кој му биле платени на Базел.[11] Дебитирал во Бундеслигата во шестото коло во натпреварот Волфсбург-Борусија Менхенгладбах (2-2) играјќи од почетокот до 73-тата минута кога бил заменет. Својот прв гол за Борусија го постигнал во победата со 4-1 над Хановер 96 во лигата. Својата прва сезона во дресот на Борусија Менхенгладбах ја завршил со 18 настапи и 1 гол.
На 29 август 2019, Ланг му се приуклучил на Вердер Бремен на заем до крајот на сезоната со опција за откуп.[12]
Своето сениорско деби за Швајцарија Ланг го направил на 14 август 2013 во пријателски натпревар против Бразил;[13] тој влегол како замена во второто полувреме на местото на Стефан Лихтштајнер во натпреварот во кој швајцарците го победиле петкратниот светски првак со 1-0 на Сент Јакоб Парк.[13] Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал веќе во својот втор настап на 11 октомври во победата со 2–1 над Албанија во Квалификациите за Светското првенство 2014. Оваа победа и обезбедила место на Швајцарија на завршниот турнир на Светското првенство 2014 во Бразил.[14]
Во мај 2014 Ланг бил повикан од селектрот Отмар Хицфелд во составот од 23 играчи за турнирот.[15] Својот прв и единствен настап на Светското првенство 2014, Ланг го имал во последниот натпревар на Швајцарија во групната фаза против Хондурас, влегувајќи во игра на 13 минути до крајот.[16] Швајцарија го завршила својот настап на турнирот во осминафиналето каде биле поразени од Аргентина.[17]
Тој бил вклучен во составот на Швајцарија и за следното Светско првенство 2018 во Русија.[18] Ланг добил црвен картон во поразот со 1–0 од Шведска во осминафиналето што значел крај на турнирот за Швајцарија.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Швајцарија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
14-8-2013 | Базел | Швајцарија | 1 – 0 | Бразил | Пријателска | - | 62' | |
11-10-2013 | Тирана | Албанија | 1 – 2 | Швајцарија | Квал. за СП 2014 | 1 | ||
15-10-2013 | Берн | Швајцарија | 1 – 0 | Словенија | Квал. за СП 2014 | - | ||
15-11-2013 | Сеул | Јужна Кореја | 2 – 1 | Швајцарија | Пријателска | - | 65' | |
5-3-2014 | Санкт Гален | Швајцарија | 2 – 2 | Хрватска | Пријателска | - | 62' | |
3-6-2014 | Луцерн | Швајцарија | 2 – 0 | Перу | Пријателска | - | 90+1' | |
25-6-2014 | Манаус | Хондурас | 0 – 3 | Швајцарија | СП 2014 - Прва фаза | - | 77' | |
18-11-2014 | Вроцлав | Полска | 2 – 2 | Швајцарија | Пријателска | - | ||
10-6-2015 | Тун | Швајцарија | 3 – 0 | Лихтенштајн | Пријателска | - | 74' | |
9-10-2015 | Санкт Гален | Швајцарија | 7 – 0 | Сан Марино | Квал. за Евро 2016 | 1 | ||
12-10-2015 | Талин | Естонија | 0 – 1 | Швајцарија | Квал. за Евро 2016 | - | ||
13-11-2015 | Трнава | Словачка | 3 – 2 | Швајцарија | Пријателска | - | 58' | |
17-11-2015 | Виена | Австрија | 1 – 2 | Швајцарија | Пријателска | - | 18' | |
25-3-2016 | Даблин | Ирска | 1 – 0 | Швајцарија | Пријателска | - | 82' | |
29-3-2016 | Цирих | Швајцарија | 0 – 2 | Босна и Херцеговина | Пријателска | - | 65' | |
28-5-2016 | Ланси | Швајцарија | 1 – 2 | Белгија | Пријателска | - | 64' | |
3-6-2016 | Лугано | Швајцарија | 2 – 1 | Молдавија | Пријателска | - | 64' | |
15-6-2016 | Париз | Романија | 1 – 1 | Швајцарија | Евро 2016 - Прва фаза | - | 83' | |
19-6-2016 | Вилнев д'Аск | Швајцарија | 0 – 0 | Франција | Евро 2016 - Прва фаза | - | 86' | |
10-10-2016 | Андора ла Веља | Андора | 1 – 2 | Швајцарија | Квал. за СП 2018 | - | 90+2' | |
3-9-2017 | Рига | Латвија | 0 – 3 | Швајцарија | Квал. за СП 2018 | - | 80' | |
23-3-2018 | Атина | Грција | 0 – 1 | Швајцарија | Пријателска | - | 61' | |
27-3-2018 | Базел | Швајцарија | 6 – 0 | Панама | Пријателска | - | 69' | |
3-6-2018 | Вилјареал | Шпанија | 1 – 1 | Швајцарија | Пријателска | - | 63' | |
17-6-2018 | Ростов на Дон | Бразил | 1 – 1 | Швајцарија | СП 2018 - Прва фаза | - | 87' | |
27-6-2018 | Нижни Новгород | Швајцарија | 2 – 2 | Костарика | СП 2018 - Прва фаза | - | 81' | |
3-7-2018 | Санкт Петербург | Шведска | 1 – 0 | Швајцарија | СП 2018 - Осминафинале | - | 90+4' | |
12-10-2018 | Брисел | Белгија | 2 – 1 | Швајцарија | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | ||
15-10-2018 | Рејкјавик | Исланд | 1 – 2 | Швајцарија | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | 1 | ||
14-11-2018 | Лугано | Швајцарија | 0 – 1 | Катар | Пријателска | - | 62' | |
Вкупно | Настапи | 30 | Голови | 3 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.