Фудбалска репрезентација на Словачка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Фудбалската репрезентација на Словачка (словачки: Slovenské národné futbalové mužstvo) е национален машки фудбалски тим на Словачка раководен од фудбалскиот сојуз на Словачка. Од 2016 година, натпреварите на домашен терен, словачката репрезентација ги игра на реновираниот стадион Антон Малатинскиј[3] во Трнава, а селектор на репрезентацијата е Јан Козак. Словачката репрезентација го има еден од најмладите фудбалски репрезентации во светот, откако се раздели од репрезентацијата на Чехословачка по распадот на обединетата држава во 1993 година. Од тогаш, Словачка има сопствена фудбалска репрезентација која се натпреварува на сите големи професионални турнири.

Кратки факти Прекари(и), Сојуз ...

Словачка се квалификувала на две големи првенства досега, на Светското првенство 2010 и на Европското првенство 2016. Словачка изборила пласман на Светското првенство 2010 кое се одржало во Јужна Африка завршувајќи на првото место во својата квалификациска група и покрај двата порази од Словенија. Во групната фаза од првенството, Словачка ремизирала со Нов Зеланд и забележала победа од 3–2 над Италија, со што се пласирала во осминафиналето, во кое била поразена од финалистот Холандија со 2–1. Тоа било првпат Словачка да се пласира на големо фудбалско натпреварување, откако играла во секој квалификациски циклус за Светско првенство од 1998 и секој квалификациски циклус за Европско првенство од 1996 година. Словачката репрезентација била на чекор до пласман на Светското првенство 2006, но во баражот била елиминирана од Шпанија. Словачка не успеала да се квалификува за Светското првенство 2014, но обезбедила пласман на Европското првенство 2016 во Франција под водство на селекторот Јан Козак, кој му помогнал на тимот да го постигне рекордното 14. место на ФИФА ранг листата.

Remove ads

Историја

Првиот официјален натпревар на првата Словачка Република (1939–1945) бил одигран во Братислава против Германија на 27 август 1939 година и завршил со победа од 2–0 за Словачка. По втората светска војна, фудбалската репрезентација бил вклучен во репрезентацијата на Чехословачка, и повеќе од педесет години Словачка не одиграла натпревар како самостојна држава. Во текот на овој период, во чехословачката репрезентација играле неколку значајни словачки играчи, вклучувајќи го мнозинството од тимот кој го освоил Европското првенство 1976 (8 од 11 играчи во репрезентацијата на Чехословачка која ја победила Западна Германија во финалето биле словаци).

Thumb
Репрезентацијата на Словачка пред 1945 година.

Откако станала незавсна држава, првиот официјален меѓународен натпревар Словачка го одиграла во Дубаи против Обединетите Арапски Емирати на 2 февруари 1994 година, каде забележала победа од 1–0. На првиот натпревар на домашен терен, Словачка забележала победа од 4–1 над Хрватска во Братислава на 20 април 1994 година. Најголемиот пораз по независноста, словачката репрезентација го доживеала на 22 јуни 1995 година, во Мендоса против Аргентина (6–0). Најголемите победи (7–0) Словачка ги остварила против Лихтенштајн во 2004 година и Сан Марино (двапати) во 2007 година.

Во квалификациски циклус за големо натпреварување, Словачка за првпат учествувала во квалификациите за Европското првенство 1996, завршувајќи на третото место во својата група, зад Романија и Франција, остварувајќи по две победи над Полска, Израел и Азербејџан. Во квалификациите за Светското првенство 1998, Словачка завршила на 4. место во својата група со пет победи, едно реми и четири порази.

Thumb
Словачката репрезентација на натпреварот против Италија на Светското првенство 2010.

Словачка настапила на Светско првенство за првпат како независна држава во 2010 година откако завршила на првото место во својата квалификациска група пред Словенија, Чешка, Северна Ирска и Полска. На 14 октомври 2009 година, Словачка го изборила пласманот победувајќи ја Полска со 1–0.[4] На Светското првенство 2010, Словачка го освоила второто место во групата Ф благодарение на победата над бранителот на титулата Италија од 3–2. Со оваа победа Словачка се пласирала во осминафиналето и ја елиминирала Италија од натпреварувањето, која завршил последна во групата.[5] Резултатот од овој натпревар значел дека за првпат во историјата на светските првенства, двата финалисти од претходното првенство биле елиминирани во групната фаза, шампионот Италија и финалистот Франција.[6][7] Во осминафиналето, Словачка била поразена од Холандија со 2–1, а единствениот гол за Словачка го постигнал најдобриот словачки стрелец на првенството, Роберт Витек, од пенал во последните минути од натпреварот.[8]

Во квалификациите за Европското првенство 2012, Словачка била извлечена во група со Русија, Ирска, Ерменија, Македонија и Андора. Словачка ги започнала квалификациите одлично со две победи од 1–0 над Македонија на домашен терен и против Русија на гости. Следниот месец сепак Словачка била поразена во Ерменија (3–1) и одиграла реми од 1–1 на домашен терен против Ирска.

Во 2011 година Словачка забележала значително полоши резултати: во февруари, репрезентацијата била поразена со 2–1 во пријателски натпревар против Луксембург а потоа забележала две тешки победи од 1–0 над аутсајдерот Андора, кој во претходните четири натпревари примил 11 голови. Потоа во следните два натпревари, Словачка одграла реми без голови против Ирска и доживеала убедлив изненадувачки пораз на домашен терен од Ерменија од 4–0. Во последните два квалификациски натпревари, Словачка загубила од Русија на домашен терен (1–0) и ремизирала 1–1 во Македонија, завршувајќи на 4. место во групата со само седум постигнати голови. Исто така, за првпат во еден квалификациски циклус, Словачка имала негативна гол разлика.

Thumb
Прослава на словачките играчи по победата над Русија на Европското првенство 2016.

Во квалификациите за Европското првенство 2016, Словачка била извлечена во група со Шпанија, Украина, Белорусија, Македонија и Луксембург. Словачка ги започнала квалификациите со победа од 1–0 над Украина во Киев. На 9 октомври 2014 година, Словачка остварила изненадувачка победа над Шпанија со 2–1 и го преземала првото место во групата. Со победата над Белорусија од 3–1, Словачка го потврдила првото место. Подоцна во квалификациите, Словачка забележала победа од 2–0 над Македонија на арената Филип II, го победила Луксембург со 3–0 во Жилина и повторно Македонија со резултат 2–1 исто така во Жилина. Потоа следел очекуван пораз од Шпанија со 0–2, реми без голови против Украина и изненадувачки пораз од 0–1 против Белорусија. Со победата над Луксембург на гостински терен од 4–2, Словачка го освоила второто место во групата и успеала за првпат да се пласира на едно Европско првенство.

Словачка била извлечена во групата Б на Европското првенство 2016 заедно со Русија, Англија и Велс. Словачка го започнала првенството со пораз од 2–1 од Велс, а потоа на вториот натпревар забележала победа од 2–1 над Русија со головите на Владимир Вајс и Марек Хамшик. Во последниот натпревар од групната фаза, Словачка изиграла реми без голови со Англија и се пласирала во осминафиналето како една од најдобропласираните третопласирани екипи. Во осминафиналето Словачка била поразена од Германија со резултат 3–0.

Remove ads

Прекари

Традиционално во Словачка, словачката репрезентација скратено се нарекува Репре (кратко за репрезентација). Сепак, во 2016 година, пред првиот настап на Словачка на Европските првенства, фудбалскиот сојуз на Словачка вовел нов прекар за репрезентацијата. Репрезентацијата го добил прекарот словачки соколи. Помладите фудбалски државни репрезентации биле наречени словачки соколчиња. И покрај слабиот одзив на прекарот кај словачките навивачи, прекарот сепак се користел во текот на првенството и во подоцнежниот квалификациски циклус за Светското првенство 2018 и сега често се користи, посебно во медиумите, заедно со Репре, кој сѐ уште почесто се користи во неформален разговор.[9]

Remove ads

Меѓународни учества

Светски првенства

Повеќе информации Резултати на светски првенства, Резултати во квалификации за светски првенства ...
Повеќе информации Список на натпревари на светските првенства, Година ...

Европски првенства

Повеќе информации Резултати на европски првенства, Резултати во квалификации за европски првенства ...
Повеќе информации Список на натпревари на светските првенства, Година ...

Олимписки игри

Повеќе информации Земја домаќин / Година, Резултат ...
Remove ads

Европско првенство 2016

Групна фаза

Повеќе информации Поз., Репрезентација ...
Повеќе информации Велс, 2–1 ...
Повеќе информации Русија, 1–2 ...
Повеќе информации Словачка, 0–0 ...

Елиминациона фаза

Осминафинале

Повеќе информации Германија, 3–0 ...

Моментален состав

Следниве играчи беа повикани за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 против  Малта на 26 март 2017 година.

Настапи и голови до 26 март 2017 година, по натпреварот против  Малта.

Повеќе информации Бр., Поз. ...
Remove ads

Статистика

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads