![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/35/Musca_constellation_map_mk.svg/langmk-640px-Musca_constellation_map_mk.svg.png&w=640&q=50)
Мува (соѕвездие)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мува — мало соѕвездие на јужното небо. Едно од дванаесетте соѕвездија создадени од Петар Планциј од набљудувањата на Питер Дирксон Кејзер и Фредерик де Хаутман и првпат се појавува на 35 сантиметарскиот небесен глобус објавен во 1597 година во Амстердам од страна на Планциј и Јодок Хондиј. Првиот приказ на соѕвездието било во небесниот атлас Уранометрија на Јохан Бајер во 1603 година. Соѕвездието било познато под името Apis (пчела) во наредните двесте години. Мува е под хоризонтот за повеќето жители на северната полутопка.
лат. Musca | |
![]() | |
Кратенка | Mus |
---|---|
Генитивно | Muscae |
Симболизам | мува |
Ректасцензија | 11ч 19,3м до 13ч 51,1м[1] ч. |
Деклинација | −64,64° до −75,68°[1]° |
Квадрант | SQ3 |
Површина | 138 (°)² (77-мо) |
Главни ѕвезди | 6 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 13 |
Ѕвезди со планети | 3 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 1 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 1 |
Најсјајна ѕвезда | α Mus (2,69m) |
Најблиска ѕвезда | LP 145-141 (15,07 сг, 4,62 пс) |
Месјеови објекти | нема |
Метеорски дождови | непознато |
Соседни соѕвездија | |
Видливо на ширина од +10° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец мај. |
Многу од посјајните ѕвезди во соѕвездието се членови на ѕвезденото здружение Скорпија-Кентаур, расеана група од жешки сино-бели ѕвезди кои имаат исто потекло и се движат во иста насока во Млечниот Пат. Во оваа група припаѓаат Алфа, Бета, Гама, Зета2 и (најверојатно) Ета Мува, како и HD 100546, сино-бела Хербигова Ae/Be-ѕвезда која е опколена со сложен диск од отпад кој содржи вонсончева планета или кафеаво џуџе и можна протопланета. Две подалечни планети поседуваат планети. Соѕвездието исто така содржи и две кефеиди кои можат да се видат со голо око. Тета Мува е тројна ѕвезда, од кои најсјајниот член е Волф–Рајеова ѕвезда.