Неорганско соединение
From Wikipedia, the free encyclopedia
Неорганско соединение — хемиско соединение кое нема јаглеродно-водородни врски, т.е. соединение кое не е органско.[1][2] Овие соединенија се изучуваат од дисциплината неорганска хемија.
Ваквите соединенија го сочинуваат најголемиот дел од Земјината кора, макар што длабоките делови на плаштот сè уште се проучуваат.[3]
Некои прости јаглеродни соединенија честопати се сметаат за неоргански. Такви примери се алотропите на јаглеродот (графитот, дијамантот, бакминстерфулеренот итн.), јаглерод моноксидот, јаглерод диоксидот, карбидите и следниве соли на неоргански анјони: карбонатите, цијанидите, цијанатите и тиоцијанатите. Многу од нив се нормален дел од претежно органски системи, вклучувајќи ги организмите; фактот што некоја супстанција е неорганска не значи дека таа не е присутна во живите суштества.