Низок остров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Низок остров ― геолошки поим за остров со корално потекло. Поимот е применуван без разлика дали островот настанал како резултат на седиментација на корален гребен или на подигнување на такви острови. Поимот е користен за да се разликуваат таквите острови од високите острови, чие потекло е вулканско.[1]