Никола Вапцаров
Македонски поет / From Wikipedia, the free encyclopedia
Никола Јонков Вапцаров (Банско, 7 декември 1909 — Софија, 23 јули 1942) — македонски писател со бугарско државјанство, комунист, роден во Банско, Пиринска Македонија (денес Бугарија).[1] Вапцаров бил член на Сојузот на бугарските писатели, а посмртно бил добитник на почесната Меѓународна награда за мир, во 1952 година.
- „Вапцаров“ пренасочува тука.
Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници што треба да се разгледуваат на разговорната страница.
За да ги видите претходните верзии, стиснете на врската историја.
Никола Вапцаров | ||
![]() | ||
Роден | 7 декември 1909 Банско, Отоманско Царство, денес Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 23 јули 1942(1942-07-23) (возр. 32) Софија, Бугарија | |
Занимање | писател и поет |
Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу Македонците кои твореле на други јазици, освен на македонскиот. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни песни“ (Моторни пѣсни) содржи 20 песни, напишани на бугарски јазик.[2] Нему му припаѓа едно од видните места во бугарската книжевност, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец, и покрај тоа што творел на бугарски јазик. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.[3]