From Wikipedia, the free encyclopedia
Николај Гаврилович Чернишевски (руски: Никола́й Гаври́лович Черныше́вский; 12 јули 1828 – 17 октомври 1889) — истакнат руски општественик, писател, економист и филозоф [1].
Чернишевски е роден на 24 јули 1828 година во Саратов. Израснал во семејството на сеобразован свештеник. Првично учи дома. Завршува Саратовската духовна богословија во 1845 година и историско-Филолошки отсек при Петербургскиот универзитет во 1850 година.
Некое време (1851-1853 година) предава руски јазик и литература во Саратовската гимназија. Во 1853 година се запознава со својата идна сопруга и по мажење си истата година се преселува во Петербург. Во главниот град Чернишевски станува соработник на леволибералните (речиси радикални) списанија „Татковински белешки“ и „Современик“.
Врз формирањето на светогледот на Чернишевски силно влијаат класици на германската филозофија, англиската политичка економија и францускиот утописки социјализам. Особено силно е влијанието на Висарион Белински и Александар Херцен. При завршувањето на универзитетот тој веќе е убеден филозоф-материалист, демократ со радикални убедувања и приврзаник на утопискиот социјализам. Чернишевски ја брани магистерската темана: „Естетските односи на уметноста во реалноста“, со што ги поставува основите на материјалистичка естетика во Русија.
Новинарската дејност на Чернишевски е насочена кон решавање на општествените проблеми во Русија преку искоренување на крепсоничките односи. Во печатот објавил историско-литературни и литературно-критички статии, го заштитува реализмот во литературата и ја утврдува тезата дека литературата треба да служи во интерес на народот.
По 1857 година целото негово внимание е насочено кон економските и политички проблеми во Русија. Заедно со Херцен станува еден од творците на народњаштвото. Влијанието на Чернишевски во руското општество расте силно особено по укинувањето на крепсоничките односи на 19 февруари 1861 година. Во своето најпознато дело „Што да се прави“ (1862-1863 година) Чернишевски го опишува животот на луѓето во новото општество на “разумни егоисти“, кои живеат од својот труд и на нов начин го организираат одговараат семеен живот и животот во општеството.
Поради својата политичка и литературна дејност Чернишевски е уапсен и осуден во 1864 година на 7 години тешка работа и вечен прогон на Сибир. Откако ја ислужува својата присилна казна, во 1871 година тој е населен во Виљуската тврдина, каде живее до 1883 година, кога му е дозволено да се прсели во Астрахањ под постојан полициски надзор. Во јуни 1889 година Чернишевски добива дозвола да живее во својот роден град Саратов, каде што умира на 29 октомври истата година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.