![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7a/Novak_Djokovic_Eastbourne_tennis_2017-12-2_%252835456277672%2529_%2528cropped%2529.jpg/640px-Novak_Djokovic_Eastbourne_tennis_2017-12-2_%252835456277672%2529_%2528cropped%2529.jpg&w=640&q=50)
Новак Ѓоковиќ
српски тенисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Новак Ѓоковиќ (српски: Новак Ђоковић; 22 мај 1987 во Белград) — српски професионален тенисер.
![]() | ||
Прекар | Ноле, Џокер | |
Земја | ![]() | |
Место на живеење | Монте Карло, Монако | |
Дата на раѓање | 22 мај 1987 | |
Место на раѓање | Белград, СФР Југославија | |
Висина | 1.88м | |
Тежина | 80 кг | |
Професионалец | 2003 | |
Игра со | десна рака | |
Заработка | $ 164.691.308
| |
Синглови | ||
Резултат: | 1105–219 | |
Титули во кариера: | 93 | |
Највисок дострел: | Бр. 1 (4 јули 2011 година) | |
Резултати на Гренд Слемови | ||
Австралијан Опен | П (2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020, 2021, 2023) | |
Ролан Гарос | П (2016, 2021, 2023) | |
Вимблдон | П (2011, 2014, 2015, 2018, 2019, 2021, 2022) | |
УС Опен | П (2011, 2015, 2018, 2023) | |
Двојки | ||
Резултат: | 63–80 | |
Титули во кариера: | 1 | |
Највисок дострел: | Бр. 114 (30 ноември 2009 година) | |
Инфокутијата е последен пат надоградена на: |
Медали | ||
---|---|---|
Тенис во машка конкуренција | ||
Натпреварувач за ![]() | ||
Олимписки игри | ||
![]() | 2008 Пекинг | Синглови |
Ѓоковиќ бил првиот српски тенисер кој победил на „гренд-слем“ турнир во поединечна категорија и најмладиот играч кој стигнал до полуфиналето на еден „гренд-слем“ тунир.[1] Тој е еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година; еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир; најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг, кога во Роџерс-купот во 2007 година ги победил третиот, вториот и првиот тенисер во светот (Енди Родик, Рафаел Надал и Роџер Федерер, соодветно) итн.
Ѓоковиќ освоил бронзен медал претставувајќи ја Србија на Олимписките игри во 2008 година, а во 2010 година ја предводел Србија до победата во Дејвис купот. Ѓоковиќ завршувал на третото место на табелата на АТП во четири последователни години, од 2007 до 2010 година. Од финалето во Дејвис купот во 2010 година до „мастерсот“ во Рим во 2011 година, Ѓоковиќ направил низа од 36 последователни победи, вклучувајќи ги титулите на Австралијан Опен, Дубаи, „мастерсот“ во Индијан Велс, Србија Опен и „мастерсот“ во Мадрид. Подоцна, тој победил на 41 последователни натпревари од почетокот на 2011 година, што е втора најдолга низа од 1980 година (зад Џон Мекинро кој имал 42 последователни победи во 1984 година). Ѓоковиќ е двоен добитник на наградата најдобар спортист во Србија и најдобар спортист според Олимпискиот Комитет на Србија и се смета за најдобриот машки тенисер кој произлегол од Србија и од поранешната Југославија. Исто така, Ѓоковиќ е носител на Орденот на Св. Сава, најголемиот орден на СПЦ.