![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/98/Egypt_1450_BC_mk.svg/langmk-640px-Egypt_1450_BC_mk.svg.png&w=640&q=50)
Ново Кралство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Новото Египетско Кралство, е период од древната египетска историја меѓу 16 век п.н.е. и 11 век п.н.е., и ги сочинувало Осумнаесеттата, Деветнаесеттата и Дваесеттата египетска династија. Новото Кралство се појавило по Вториот преоден период и по него следувал Третиот преоден период. Египет во ова време најмногу просперирал и го достигнал зенитот на својата моќ.[1]
Ново Египетско Кралство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() Најголемо проширување на Новото Кралство во 15 век пне. | |||||
Главен град | Tеба (Тива): (1550 п.н.е. - околу 1352 п.н.е.) - XVII династија и XVIII династија пред Ехнатон
Ехнатон: (околу 1352 п.н.е. - околу 1336 п.н.е.) - Ехнатон од XVIII династија Теба (Тива): (околу 1336 п.н.е. - 1279 п.н.е.) - XVIII династија и XIX династија пред Рамзес II Пер-Рамзес: (околу 1279 п.н.е. - околу 1069 п.н.е.) - XIX династија почнувајќи од Рамзес II и дваесеттата династија | ||||
Јазици | Египетски, Нубиски | ||||
Вероисповед | Старо египетска религија | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Фараон | |||||
- | околу 1550 п.н.е.-околу 1525 п.н.е. | Ахмос I (прв) | |||
- | околу 1099 п.н.е.-околу 1069 п.н.е. | Рамзес XI (последен) | |||
Историја | |||||
- | Основана | околу 1550 п.н.е. | |||
- | Замрела | околу 1069 п.н.е. | |||
Подоцнежниот дел од овој период, за време на Деветнаесеттата и Дваесеттата династија (1292-1069 пне) се нарекува Рамзесов период, по единаесетте фараони кои го зеле името Рамзес.
Радиојаглеродното датирање укажува дека Новото Кралство можеби се појавило неколку години порано од општо сметаната 1550 година п.н.е.. Датирањето укажува на почеток околу 1570-1544 година пне, при што средна година е 1557 година пне.[2]
Најверојатно како резултат од владеењето на Хиксите за време на Вториот преоден период, во Новото Кралство имало обиди да се создаде тампон зона меѓу Левантот и Египет и го достигнало најголемото територијално проширување. Слично на тоа, како одговор на нападите во 17 век од Кушанското Кралство, Новото Кралство сметало дека мора да се прошири на југ до Нубија и да контролира големи територии на Блискиот Исток. Египетските војски се бореле со хетските војски за контрола на територијата на денешна Сирија.