Иако многу општества се опишани од овој период, податоците за некои од поединците кои живееле во овој период се апокрифални, а не се историски веродостојни.
1089 п.н.е.: Мелант, легендарниот крал на Атина, починал по 37 години владеење и бил наследен од неговиот син Кодро.
1069 п.н.е.: Рамзес XI починал, а со него завршила Дваесеттата династија. Тој бил наследен од Смендес I, кој ја основал Дваесет и првата династија.
1068 п.н.е.: Кодро, легендарниот крал на Атина, починал во борба против дорските освојувачи по 21 година владеење. Според атинската традиција, тој бил последен крал кој имал апсолутна моќ. Современите историчари го сметаат за последен крал чиј живот бил дел од старогрчката митологија. Бил наследен од неговиот син Медон.
1048 п.н.е.: Медон, кралот на Атина, починал по 20 години владеење и бил наследен од неговиот син Акаст.
1046 п.н.е.: Кралот Ву од Џоу го соборил Ди Син, последниот полулегендарен крал на династијата Шан Ин, и станал прв крал на династијата Џоу (1046г. п.н.е. - 256г. п.н.е.), основана од неговиот татко Вен од Џоу.
1044 п.н.е.: По смртта на египетскиот крал Смендес I, тој бил наследен од двајца сонамесници, Псусеннес I и Неферкар Аменемнис.
1042 п.н.е.: Кралот Чен-ван од Џоу го наследил кралот Ву од Џоу како владетел на династијата Џоу во Кина.