Општина Сопотница
поранешна општина во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Сопотница — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена кон Општина Демир Хисар. Седиште на општината било селото Сопотница.[2]
- За истоименото село, видете Сопотница.
Општина Сопотница денес дел од Општина Демир Хисар | |
Поглед кон селото Сопотница | |
Местоположба на поранешната општина Сопотница. | |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Сопотница |
Регион | Пелагониски Регион |
Основана | 1996-2004 |
Службен јазик | македонски |
Демографија | |
Население | 2319[1] жит. |
Населени места | |
Народности | Македонци |
Самоуправа | |
Контактни податоци |
Територијата на општина се наоѓала во регионот Железник. Најголема река во општината била Црна Река. Општината се граничела со: Општина Ресен и Општина Демир Хисар на југ, Општина Косел и Општина Белчишта на запад, Општина Другово на север и Општина Крушево на исток.[1]