Орбело
From Wikipedia, the free encyclopedia
Орбело — првиот македонски роман од жанрот на езотеричен трилер, во издание на Аквариус-5 Скопје во 2009 година[1]. Напишан е од авторите Ѓоре Гонев и Петар Трајков. Излегувањето на книгата било одложено од трагичното загинување на Гонев. На инсистирање од неговите родители романот е довршен и објавен во 2009 година. Орбело е метафора за случувањата во Македонија и околу неа изразено преку јазикот на окултните симболи. Орбело е обид да се направи нова геополитичка парадигма за состојбите и случувањата поврзани со Македонија.
Кратки факти Автор, Земја ...
Автор | Ѓоре Гонев и Петар Трајков |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | Македонски |
Жанр | езотеричен трилер |
Издавач | Аквариус 5 |
Издадена | 2009 |
Страници | 285 |
ISBN | 978-608-4502-23-4 |
Претходна | „Последното оттуѓување“ |
Затвори