From Wikipedia, the free encyclopedia
Палче (француски: Le petit Poucet), е една од осумте сказни објавени од страна на Шарл Перо во неговото многу познато дело Приказни или сказни од минатото (1697).[1][2] Приказната е тип тип 327B според Арн-Томсон категоријата за приказни, за мало момче кое победува огра.[3] Овој вид на бајка, во францускиот усната традиција, често е во комбинација со мотиви од типот 327A, слични на приказната за Јованче и Марика Таква приказна е и варијантата Изгубените деца.[4]
Илустрација на Гистав Доре од (1862) | |
Автор | Шарл Перо |
---|---|
Изворен наслов | Le Petit Poucet |
Илустратор | Гистав Доре (во 19 век) |
Земја | Франција |
Јазик | француски јазик |
Серијал | Приказни или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye) |
Жанр | Сказна |
Издавач | Барбен (фр. Barbin) |
Издадена | 1697 |
Палче е најмладиот од седумте деца во сиромашното дрводелско семејство. Тој иако бил многу мал, бил многу остроумен. Кога родителите ги напуштиле, тој смислил различни средства за да се спаси себе и браќата. Кога животот му бил под закана на една огра, Палче ѝ ги украл магичните чизми што одат преку седум брда и долини додека чудовиште спиело.
Родителите повеќе не биле во можност да ги издржуваат нивните деца и имале намера да се откаже од нив. Палче, кога ги слушнал плановите на родителите собрал мали бели камчиња од реката. Тој ги искористил камењата за да го означи патот за дома. Сепак, на вториот круг, наместо камчиња користи трошки од леб, коишто птиците ќе ги изедат а тој и браќата ќе се изгубат во шумата.
Откако се изгубиле во шумата. Палче се качил на некое дрво и во далечина здогледал светлина. Момчињата тргнале накај неа. Кога најпосле стигнале до куќата дознале дека тука живее ограта. Палче, исплашен од волците во шумата решава да го преземат ризикот и да преспијат во куќата.
Ограта дозволила момчиња да преспијат и им дала кревет во собата на ќерките. Но таа не заспала и се подготвувала да ги убие додека спијат. Палче, знаел дека тоа е можно и веќе однапред испланирал па златните круни на ќерките ги заменил со капчињата што ги носеле тој и браќата. Кога станала ограта ги убила своите ќерки наместо нив, и пак отишла да си легне. Кога се успала ипочнала да рчи Палче и браќата побегнале.
Ограта се разбудила утредента и си ја увидела грешката, ги обула чизмите за преку седум рида и долини и тргнала по момчиња. Тие додека пешачеле ја здогледале. Палче повторно брзо мислел па се скриле во близина на малата пештера. Ограта се изморила, седнала да се одмори блиску до местото каде што се криеле. Палче им кажал на браќата како да се вратат дома, а во меѓувреме, ѝ ги соблекол чизмите на ограта додека спиела и ги си ги облекол. Бидејќи чизмите биле магични, му станале точни. Палче ги искористил чизмите за да направи богатство, и се вратил во семејниот дом, каде што засекогаш ќе живеат среќно.
Традиционалните приказни пренесувани во усната традиција имаат многу старо потекло. Не се знае точно од кога потекнува приказната, но верзијата што ја напишал Перо се појавила во контекст на голмиот глад за време на владеењето на кралот Луј XIV. Со неа се става акцент на краткотрајноста на мачниот селски живот и на уловите на децата како прва жртва во случај на неволја.
Меѓу втората половина на 17 и почетокот на 18 век, во времето кога Перо ја објавил неговата прва збирка заедно со приказната за Палче (1697) во Европа а посебно во Франција имало силен студ. Летата биле врнежливи а зимите сурови па затоа владеел глад од огромни размери: историчарите такви зими забележале во 1660, 1661, 1662, 1675[5]. Во 1693, зимата е забележана со општ глад. Во 1715, зимата била сибирска. Реката Сена целосно замрзнала, слично како во 1705 кога замрзнало дури и морето долж бреговите. Земјата била смрзната и сите реколти биле уништени. Немало ни дивеч доволно па волците ги напаѓале луѓето. Требало жито да се купува од странство но војните на Луј 14 веќе го имале исцрпено државната каса.
Темата во приказната се врти околу тоа да се јаде или да се биде изеден:
Француската сказна за првпат била објавена од страна на Шарл Перо под наслов Палче (француски: Le petit Poucet) во збирката Приказни или сказни од минатото (1697). Француското име на јунакот, "Poucet" доаѓа францускиот збор "pouce" што значи "палец" и алудира на нешто ситно и малечко. Во македонскиот јазик, уште од првата адаптација, приказната е позната како Палче.
На почетокот се споменува дека "малиот Палче" кога се родил не бил поголем од палецот на човек.
Во првата половина приказната за Палче е многу на слична на Јованче и Марика. Родителите повеќе не се во можност да ги издржуваат нивните деца и да се откажуваат од нив. Јунакот на приказната остава трошки од леб, но поради птиците, не му успева да го пронајде патот за дома. Таквото одбележување на патека го има во многу приказни, а една од најстарите е онаа за Тезеј и минотаурот.
Втората половина од приказната вклучува огра, која главниот јунак ја надмудрува. Со тоа личи на Љубениот Роланд и Темисто.[6]
Гистав Доре нацртал 11 илустрации за изданието на книгата на Перо од 1862, Сказните на Перо (фр. Les Contes de Perrault).[8]
Хајнрих Лејтеман и Карл Офтердингер ја илустрирале германската збирка, Мојата прва бајкозбирка (Mein erstes Märchenbuch) објавена на крајот на 19 век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.