266. римски папа From Wikipedia, the free encyclopedia
Франциск или Фрањо (латински: Franciscus; роден како Хорхе Марио Бергољо (шпански: Jorge Mario Bergoglio) — поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година. Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Франциск е 266-ти папа на Римокатоличката црква. На 7 мај 2019 година бил во историска посета на Македонија и станал првиот папа кој ја посетил земјата. Тој бил пречекан од претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, и премиерот на Владата, Зоран Заев. Тој одржал литургија на главниот плоштад во Скопје.
Папа Франциск | |
---|---|
Римокатолички бискуп | |
Франциск | |
Црква | Римокатоличка црква |
Ракоположен | 13 март 2013 |
Претходник | Бенедикт XVI |
Други служби | Помошен епископ од Буенос Аирес (1992–1997) Титуларен епископ од Аука (1992–1997) Архиепископ на Буенос Аирес (1998–2013) Кардинал-свештеник на Свети Роберто Белармино (2001–2013) Обичен на ракоположените за верните на источните обреди во Аргентина (1998–2013) |
Редови | |
Ракоположен | 13 декември 1969 |
Осветување | 27 јуни 1992 |
Станал кардинал | 21 февруари 2001 |
Лични податоци | |
Световно име | Хорхе Марио Бергољо |
Роден | 17 декември 1936 Буенос Аирес, Аргентина |
Националност | Аргентинец |
Живеалиште | Куќа на Света Марта |
Обр. установа | Колеџ Свети Џозеф Филозофски и теолошки факултети од Сан Мигел Институтот за теологија и филозофија Милтаун Факултет за филозофија и теологија Санкт Џорџен |
Гесло | Miserando atque eligendo ("Помилуван, а потоа избран")[б 1] |
Потпис | |
Грб |
Роден е на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес. Дипломирал хемиска технологија, но подоцна се одлучил да стане свештеник и се посветил на богословијата. Од 1967 до 1970 година студирал на Теолошкиот факултет во Сан Мигел. На 13 декември 1969 год бил ракоположен за свештеник.[2] Потоа, во родната Аргентина предавал и работел на ширење на верата. За кардинал бил избран во 2001 година. Станал популарен меѓу народот како „кардинал на сиромашните“. Работел на подобрување на угледот на црквата која загубила многу верници, бидејќи отворено не застанала против диктатурата во Аргентина во 70-те години од 20-от век.
Во 2005 година бил во најтесниот избор на претходната конклава кога кардиналот Џозеф Рацингер бил избран за Папа Бенедикт XVI.
Франциск е прв папа од редот на исусовците, прв кој доаѓа надвор од Европа по повеќе од еден милениум, и прв од Јужна Америка. Тој исто така е прв понтиф кој по Јован Павле I одбрал претходно неупотребено папско име, а во чест на светиот Франческо Асишки, скромен монах кој многу ѝ помогнал на Католичката црква.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.