Парагвај (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Парагвај (шпански: Río Paraguay, португалски: Rio Paraguai, гварански: Ysyry Paraguái) е една од главните реки во централниот дел на Јужна Америка. Реката извира во сојузната држава Мато Гросо до Сул во Бразил, а потоа тече низ Боливија, Парагвај и Аргентина. Вкупната должина на реката изнесува 2621 километар.[1] Реката се соединува со реката Парана, јужно од Асунсион. По реката е именувана и државата Парагвај.
- За другите значења на поимот „Парагвај“ видете ја страницата за појаснување.
Кратки факти Земји, Утока ...
Парагвај | |
Rio Paraguai, Río Paraguay | |
Поглед кон реката Парагвај во близина на Асунсион. | |
Земји | Парагвај, Бразил, Аргентина, Боливија |
---|---|
Притоки | |
- леви | Рио Негро, Миранда, Кујаба, Апа, Тебикуари |
- десни | Жауру, Пилкомајо, Бермехо |
Утока | Парана |
- височина | 50 м |
Должина | 2.621 км [1] |
Слив | 1.095.000 км2 [2] |
Истек | |
- просечен | 2.700 м3/с [1] |
Карта на басенот на Рио де ла Плата, каде се прикажува спојувањето на Парана и Парагвај.
|
Затвори