село во Општина Неготино From Wikipedia, the free encyclopedia
Пештерница — село во Општина Неготино, во околината на градот Неготино.
Пештерница | |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 18025 |
Пештерница на општинската карта Атарот на Пештерница во рамките на општината | |
Пештерница на Ризницата |
Селото се наоѓа во источниот дел од областа Тиквеш, од левата страна на Вардар, на подножјето на Конечка Планина. Селото е ридско на надморска височина од 420 метри. Од градот Неготино населбата е оддалечена 13 километри.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
За време на Османлиското Царство во селото се населиле Турци - Јуруци, кои во минатото заедно со другите јуручки села од Тиквешијата, ја формирале тиквешката јуручка оаза.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пештерница живееле 110 жители, сите Турци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци и 25 до 50 Власи.[3]
Во 1953 година, во селото живееле 195 жители, од кои 109 Турци, 49 Власи, 1 Македонец и 43 останати.
Иселувањето на турското население по Првата светска војна, а уште помасовно и во средината на педесеттите години од XX век, го зафатило и селото Пештерница, но е едно од селата кои потоа не продолжило да егзистира, ненаселувајќи го друго население. Во 2002 година, селото е целосно раселено и нема жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 110 | — | 129 | 195 | 49 | 12 | 16 | 3 | 3 | 0 | 0 |
Пештерница било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1228 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. на селото Пепелиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 840 гласачи.[10]
Во близина на селото постоеле селата Горни и Долни Промет кои биле уништени, а 20 семејства се иселиле во Турција.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.