вид заднептунско тело From Wikipedia, the free encyclopedia
Плутино — динамичка група на заднептунски тела кои кружат во резонанција 2:3 со планетата Нептун. Ова значи дека плутиното кружи двапати на секои три кружења на Нептун. Најголемо плутино е џуџестата планета Плутон, по која е наречена самата група. Го носат името на митолошки суштества од подземниот свет.
Овие тела го сочинуваат внатрешниот дел на Кајперовиот Појас и претставуваат една четвртина од телата во него. Ја сочинуваат најбројната класа на резонантни заднетунци. Освен самиот Плутон, првото откриено плутино е (385185) 1993 RO, забележано на 16 септември 1993 г.
Се смета дека телата кои денес се во средни орбитални резонанции со Нептун првично имале свои разновидни хелиоцентрични патеки. Кога Нептун се преместувал нанадвор во раната историја на Сончевиот Систем, телата кои ги среќавал се расејувале; во текот на ова, некои биле зафатени во резонанции.[1] Резонанцијата 3:2 е резонанција од низок ред и затоа е најсилна и најстабилна од сите.[2] Ова е главната причина што има повеќе тела од другите Нептунови резонанции во Кајперовиот Појас. Облакот од нисконаклонети тела подалеку од 40 ае се кубевана, а они есо повисока занесеност (од 0,05 до 0,34) и голема полуоска блиску до резонанцијата 3:2 претежно се плутина.[3]
Иако највеќето плутина имаат релативно низок орбитален наклон, дел од нив следат орбити слични на Плутоновата, со наклон од 10–25° и занесеност околу 0,2–0,25; поради тоа, многу од нив имаат перихели блиски до или дури во Нептуновата орбита, а истовремено и афели кои ги приближуваат до надворешниот раб на главниот Кајперовиот Појас (каде се наоѓаат телата се во резонанција 1:2 со Нептун, наречени тутина).
Орбиталните периоди на плутината просечно траат 247,3 години (1,5 пати Нептуновиот), со отстапување од неколку години.
Необични плутина се:
Влијанието на Плутон врз другите плутина во минатото се занемарувало поради неговата релативно мала маса. Меѓутоа, ширината на резонанцијата (опсегот на полуоски складни со неа) е мошне теска и само неколкупати поголема од Плутоновата Хилова сфера (гравитациското влијание). Следствено на тоа, зависно од првичната занесеност, некои плутина со време ќе излезат од резонанцијата поради заемодејства со Плутон.[4] Бројчените симулации упатуваат на тоа дека орбититите на плутината со занесеност за 10–30 % помала или поголема од Плутоновата не се стабилни во временски рамки од милијарди години.[5]
Плутината посјајни од HV=6 се:
Тело | a (ае) | q (ае) | i (°) | H | Пречник (км) | Маса (1020 кг) | Албедо | V−R | Откриено | Откривач | Навод |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
134340 Плутон | 39,3 | 29,7 | 17,1 | −0,7 | 2322 | 130 | 0,49–0,66 | 1930 | Клајд Томбо | JPL | |
90482 Орк | 39,2 | 30,3 | 20,6 | 2,31 ± 0,03 | 917 ± 25 | 6,32 ± 0,05 | 0,28 ± 0,06 | 0,37 | 2004 | М. Браун, Ч. Трухиљо, Д. Рабиновиц | JPL |
(208996) 2003 AZ84 | 39,4 | 32,3 | 13,6 | 3,74 ± 0,08 | 727,0+61,9 −66,5 | ≈ 3 | 0,107+0,023 −0,016 | 0,38 ± 0,04 | 2003 | М. Браун, Ч. Трухиљо | JPL |
28978 Иксион | 39,7 | 30,1 | 19,6 | 3,828 ± 0,039 | 617+19 20 | ≈ 3 | 0,141 ± 0,011 | 0,61 | 2001 | DES | JPL |
2017 OF69 | 39,5 | 31,3 | 13,6 | 4,091 ± 0,12 | ≈ 380–680 | ? | ? | ? | 2017 | Д. Џ. Толен, С. Шепард, Ч. Трухиљо | JPL |
(84922) 2003 VS2 | 39,3 | 36,4 | 14,8 | 4,1 ± 0,38 | 523,0+35,1 −34,4 | ≈ 1,5 | 0,147+0,063 −,043 | 0,59 ± 0,02 | 2003 | NEAT | JPL |
(455502) 2003 UZ413 | 39,2 | 30,4 | 12,0 | 4,38 ± 0,05 | ≈ 600 | ≈ 2 | ? | 0,46 ± 0,06 | 2001 | М. Браун, Ч. Трухиљо, Д. Рабиновиц | JPL |
2014 JR80 | 39,5 | 36,0 | 15,4 | 4,9 | ≈ 240–670 | ? | ? | ? | 2014 | Pan-STARRS | JPL |
2014 JP80 | 39,5 | 36,7 | 19,4 | 4,9 | ≈ 240–670 | ? | ? | ? | 2014 | Pan-STARRS | JPL |
38628 Хуја | 39,4 | 28,5 | 15,5 | 5,04 ± 0,03 | 406 ± 16 | ≈ 0,5 | 0,083 ± 0,004 | 0,57 ± 0,09 | 2000 | Игнасио Ферин | JPL |
(469987) 2006 HJ123 | 39,3 | 27,4 | 12,0 | 5,32 ± 0,66 | 283,1+142,3 −110,8 | ≈ 0,012 | 0,136+0,308 −0,089 | 2006 | М. Бује | JPL | |
2002 XV93 | 39,3 | 34,5 | 13,3 | 5,42 ± 0,46 | 549,2+21,7 −23,0 | ≈ 1,7 | 0,040+0,02 −0,015 | 0,37 ± 0,02 | 2001 | М. Бује | JPL |
(469372) 2001 QF298 | 39,3 | 34,9 | 22,4 | 5,43 ± 0,07 | 408,2+40,2 −44,9 | ≈ 0,7 | 0,071+0,02 −0,014 | 0,39 ± 0,06 | 2001 | М. Бује | JPL |
47171 Лемпо | 39,3 | 30,6 | 8,4 | 5,41 ± 0,10 | 393,1+25,2 −26,8 (тројно) | 0,1275 ± 0,0006 | 0,079+0,013 −0,011 | 0,70 ± 0,03 | 1999 | Е. Рубенштајн, Л.-Г. Стролгер | JPL |
(307463) 2002 VU130 | 39,3 | 31,2 | 14,0 | 5,47 ± 0,83 | 252,9+33,6 −31,3 | ≈ 0,16 | 0,179+0,202 −0,103 | 2002 | М. Бује | JPL | |
(84719) 2002 VR128 | 39,3 | 28,9 | 14,0 | 5,58 ± 0,37 | 448,5+42,1 −43,2 | ≈ 1 | 0,052+0,027 −0,018 | 0,60 ± 0,02 | 2002 | NEAT | JPL |
(55638) 2002 VE95 | 39,4 | 30,4 | 16,3 | 5,70 ± 0,06 | 249,8+13,5 −13,1 | ≈ 0,15 | 0,149+0,019 −0,016 | 0,72 ± 0,05 | 2002 | NEAT | JPL |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.