Противположба (астрономија)
поим во астрономијата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Противположба или опозиција — состојба во положбената астрономија каде две тела се наоѓаат на спротивни страни на небесната сфера гледајќи од некое тело (обично од Земјата).
Една планета (астероид или комета) е во противположба кога се наоѓа спроти Сонцето. Бидејќи орбити во Сончевиот Систем се речиси сорамнински (копланарни) на еклиптиката, ова се јавува кога Сонцето, Земјата и телото се поставени во приближно права линија или сизигија, т.е. Земјата и телото се во ист правец гледајќи од Сонцето. Противположбата важи само за горни (надворешни) планети (погл. дијаграмот).
Појавата на противположба се дефинира како состојба кога привидната геоцентрична небесна должина на телото се разликува за 180° од привидната геоцентрична должина на Сонцето.[1] Тогаш телото е:
- во привидно повратно движење[2]
- видливо речиси цела ноќ — изгрева околу зајдисонце, кулминира околу полноќ и зајдува околу изгрејсонце[3]
- во оваа очка на неговата орбита каде е најблиску до Земјата, пради што делува поголемо и посјајно[4]
- релиси сосема облеано во сончевина; планетата покажува полна фаза, аналогно на полна месечина[5]
- на местото каде противположбениот ефект ја засилува одбиената светлина од тела со неприкриени груби површини
Месечината, која кружи околу Земјата наместо Сонцето, е во приближна противположба на Сонцето кога е полна месечина.[6] Поточна противположба повремено се јавува со математичка редовност ако Месечината е во нејзината вообичаена точка на порамнетост со Сонцето и Земјата, така што изгледа полна и воедно е порамнета со еклиптиката (орбиталната рамнина на Земјата) за време на спуштачката и искачувачката газа на нејзината наклонета орбита од 5°; ова поточно се нарекува дека е во јазол на нејзината орбита, и во тој случај се јавува затемнување на Месечината. Попрецизен засенчен облик се јавува кога средишното подрачје на Земјата ќе се порамни поточно: средишно Месечево затемнување, од кои имало 14 во од 1950 до 2000 г, а останатите биле во полусенка.
Астрономскиот симбол за противположба е ☍ (U+260D). ()
Гледана од горна планета, една долна планета од спротивната страна на Сонцето е во горна врска со Сонцето. Долна конјукнција се јавува кога двете планети ќе се порамна од истата страна на Сонцето. При долна врска, горната планета е „во противположба“ на Сонцето гледајќи од долната планета (погл. дијаграмот).