From Wikipedia, the free encyclopedia
Рудолф Штајнер (германски: Rudolf Steiner; 25 февруари 1861 – 30 март 1925 ) — австриски филозоф, книжевен научник, просветен деец, уметник, драмски писател, и езотеричар.[1][2][3] Тој е основач на антропозофијата, валдорфското образование, биодинамичкото земјоделство, како и на антропозофската медицина.[4]
Рудолф Штајнер | |
---|---|
Рудолф Штајнер во 1905 г. | |
Период | филозофи на 20 век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | феноменологија, холизам, монизам |
Претежна дејност | метафизика, епистемологија, филозофија на науките, езотерија, христијанство, теозофија, масони |
Значајни идеи | антропозофија, антропозофска медицина, ниодинамичко земјоделство, спиритуализам |
Влијаел врз
|
Штајнерзастапувал една форма на етички индивидуализам, а својата епистемологија ја извлекол од погледот на свет на Гете: „Размислувањето… не е ништо помалку ни повеќе од орган за перцепција. Како што окото ги забележува боите, а увото звуците, така размислувањето ги забележува идеите.“[5]
Од 1879 до 1883 година, Штајнер се школувал во Виена, на Институтот за технологија (Technische Hochschule), каде и дипломирал математика, физика, и филозофија.[6]
Во својата автобиографија, Штајнер наведува дека кога имал 21 година, во воз на патот од неговото село до Виена, се сретнал со некој собирач на билки, Феликс Когутски, кој зборувал за духовниот свет „како некој што има лично искуство во врска со тоа.“ Овој собирач на билки го запознал Штајнер со човек кого Штајнер едноставно го нарекува „учител“, а кој извршил големо влијание во развојот на Штајнер, посебно со тоа што го навел да ја изучува фолозофијата на Јохан Готлиб Фихте.[7]
Во 1891 година, Штајнер се стекнал со титулата доктор на филозофија на Универзитетот Росток, во Германија, со тезата заснована врз концептот на егото на Фихте, подоцна печатена во проширена форма како Вистина и знаење.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.