Самосличност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Самосличност — појава во математиката при која извесни објекти се точно или приближно слични на еден нивен дел (т.е. целината има ист облик како еден или повеќе нејзини делови). Многу објекти во вистинскиот свет, од брегови до растенија се статистички самослични: нивните делови имаат исти статистички својства при многу размери.[1] Самосличноста е типично својство на фракталите.
Размерната постојаност (инваријантност) е точен вид на самосличност каде при секое увеличување на објектот, добиваме помало делче што е слично на целината. Ваков пример е Коховата снегулка која е симетрична и размерно постојана - можеме бесконечно да ја увеличуваме за трипати без да се измени нејзиниот облик.