From Wikipedia, the free encyclopedia
Виетнамски јазик (tiếng Việt; анамитски јазик за време на француска колонизација) — државен и службен јазик на Виетнам. Тој е мајчин јазик на виетнамскиот народ (người Việt или người Kinh) што претставува 86 % од населението на Виетнам и плус на околу 3 милиони ветнамско население во дијаспората повеќето во САД. Исто така тој претставува и втор јазик на некои етнички малцинства во Виетнам. Тој е дел од групата на австро-азијатски јазици во која виетнамскиот е најмасовен јазик во споредба со другите австроазијатски јазици. Голем број на зборови се позајмени од кинескиот јазик и од почеток бил пишуван со кинески знаци. Виетнамскиот користи изменета латиница приспособена за фонетскиот систем на јазикот.
Виетнамски | |
---|---|
tiếng Việt | |
Изговор | [tiə̌ŋ viə̀ˀt] (северен) [tiə̌ŋ jiə̀k] (јужен) |
Застапен во | Виетнам, виетнамска дијаспора |
Народ | Виетнамци |
Говорници | 81 милион (2011) (вкл. 4 милиони иселеници) |
Јазично семејство | австроазиско
|
Писмо | виетнамска азбука (латинична) |
Статус | |
Службен во | Виетнам[1] |
Регулативен орган | Лингвистички институт на Виетнам[2] |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | vi |
ISO 639-2 | vie |
ISO 639-3 | vie |
Linguasphere | 46-EBA |
Како нациуонален јазик на мнозинството население на Виетнам, јазикот е службен јазик во Виетнам и се зборува низ целата држава. Јазикот исто така се зборува и во останатите виетнамски заедници во дијаспората, најмногу во САД и е седми најзастапен јазик во САД, поточно трет во Тексас, четврти во Арканзас и Луизијана, петти во Калифорнија[3]). Во Австралија е шести најзастапен јазик.
Покрај Виетнам и САД, според Ethnologue, јазикот се говори и во Австралија, Бугарија, Камбоџа, Канада, Кина, Брегот на Слоновата Коска, Куба, Чешка, Финска, Франција, Германија, Лаос, Холандија, Норвешка, Филипини, Полска, Русија, Данска, Шведска, Сенегал, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, Вануату и Тајван.
Виетнамскиот јазик бил класифициран како дел од мон-кмерските јазици уште од пред 150 години[4]. Подоцна, за муоншкиот било забележано дека е поблиску со виетнамски јазик отколку со останатите мон-кмерски јазици и се создала подгрупа виетско-муоншки јазици. Подоцна во групата се придодадени и помали јазици како тавуншкиот, чутскиот и хуншкиот, па групата е преименувана од мон-кмерски во виетски јазици. Поимот виетско-муоншки јазици се користи за појаснување - тука спаѓаат групата на дијалекти на виетнамскиот јазик, муоншките дијалекти и нгуонските дијалекти.
Иако јазикот бил зборуван од Виетнамците со векови, пишаниот виетнамски јазик не бил службен јазик на Виетнам сè до XX век. На територијата на Виетнам бил во употреба кинескиот јазик за владини цели, а додека пишаниот виетнамски во вид на Чу ном се користел во книжевноста. Исто така, за кратко време се користел за административни цели за време на династиите Хо и Тај Сон. За време на француската окупација, францускиот јазик го заменил кинескиот јазик како службен јазик. Денес виетнамскиот е службен јазик во Виетнам и се користи од владата во Виетнам, образованието и бизнис елитата.
Сите самогласки во виетнамскиот јазик се изговараат со својствен тон.[6] Тоновите се разликуваат по:
Тоновите се означуваат со дијакритички знаци над или под самогласката (сите освен еден тон се означуваат над самогласката). Шесте тонови на северното наречје (со нивните називи) се следниве:
Назив | Опис | Дијакритика | Пример | Звучност |
---|---|---|---|---|
ngang рамен | среден степен | (не се бележи) | ma „дух“ | ⓘ |
huyền висечки | нископаѓачки (често мрморлив) | ` (тежок акцент) | mà „но“ | ⓘ |
sắc остар | високорастечки | ´ (остар акцент) | má „образ, мајка“[7] | ⓘ |
hỏi прашален | среднопаѓачко-растечки | ̉ (ченгелче) | mả „гроб“ | ⓘ |
ngã кутнат | високопрекинато-растечки | ˜ (тилда) | mã „коњ[8], шифра“ | ⓘ |
nặng тежок | нископаѓачки стегнат (краткотраен) | ̣ (подредна точка) | mạ „оризов расад“ | ⓘ |
Другите наречја имаат помалку тонови (обично по пет).
Како и останатите јазици од овој регион, виетнамскиот јазик има голем број на самогласки, а подолу е дадена табела од ханојски виетнамски дијалект.
Предни | Средни | Задни | |
---|---|---|---|
Високи | i [i] | ư [ɨ] | u [u] |
Горни средни | ê [e] | ơ [əː] | ô [o] |
Долни средни | e [ɛ] | â [ə] | o [ɔ] |
Ниски | ă [a] / a [aː] |
Уснени | Венечни | Свиени | Преднонепчени | Заднонепчени | Гласилни | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Избувни | безвучни | p [p] | t [t] | tr [tʂ~ʈ] | ch [c~tɕ] | c/k/q [k] | |
приздивни | th [tʰ] | ||||||
звучни | b [ɓ] | đ [ɗ] | |||||
Струјни | безвучни | ph [f] | x [s] | s [ʂ] | kh [x~kʰ] | h [h] | |
звучни | v [v] | gi [z~j] | r [ʐ~ɹ] | d [z~j] | g/gh [ɣ] | ||
Носни | m [m] | n [n] | nh [ɲ] | ng/ngh [ŋ] | |||
Приближни | u/o [w] | l [l] | y/i [j] |
Виетнамскиот, како и останатите јазици во тој регион, е аналитички јазик. Јазикот нема падежи (исто како и македонскиот), но нема ни род, број и време. Виетнамската синтакса е подмет-глагол-прирок. Исто така дозволува серијализација на глаголи. Примери за тоа како функционира граматиката се наведени подолу:
Mai | là | sinh viên. |
Маи | сум | студент |
„Маи е студент.“ |
Giáp | rất | cao. |
Зап | многу | висок |
„Зап е многу висок.“ |
Người | đó | là | anh | nó. |
личност | Онаа | сум | брат | тој |
„Она лице е негов брат.“ |
Con | chó | này | chẳng | bao giờ | sủa | cả. |
classifier | куче | ова | не | никогаш | лае | воопшто |
„Ова куче воопшто не лае.“ |
Nó | chỉ | ăn | cơm | Việt Nam | thôi. |
тој | само | јаде | ориз.колоквијално | Виетнам | само |
„Тој јаде само виетнамска храна.“ |
Cái | thằng | chồng | em | nó | chẳng | ra | gì. |
фокус | класификатор | сопруг | јас (како женско) | тој | не | добар | што |
„Мажот ми за ништо не го бива.“ |
Tôi | thích | con | ngựa | đen. |
Јас | сакам | класификатор | коњ | црн |
„Јас сакам црн коњ.“ |
Tôi | thích | cái | con | ngựa | đen. |
Јас | сакам | фокус | класификатор | коњ | црн |
„Тоа е црниот коњ што го сакам.“ |
Како резултат на илјадогодишната кинеска окупација, повеќето од виетнамскиот лексикон поврзан со наука и политика доаѓа од кинескиот јазик. Околу 70 % од зборовниот фонд има влијание од кинескиот јазик помешани со виетнамски елементи. Потеклото на зборот може да се препознае ако се смени тонот на зборот а при тоа да не го промени значењето. Исто така има и зборови позајмени од француски јазик, како на пример cà phê (од францускиот café, кафе). Покрај овие има и позајмени зборови од англискиот јазик.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.