From Wikipedia, the free encyclopedia
Сирење е прехренбен производ кој се добива со коагулација на беловините во млекото и сурутката. Сирењата се произведуваат насекаде во светот во различни вкусови и форми. Сирењето се состои од млечни белковини и масти, и најчесто се прави од кравје, овчо, козјо и млеко од бафало. Се произведув со додавање на кимозин во млекото или со помош на бактери кои млечниот шеќер го претвораат во млечна киселина. Со овој процес се згрутчува млечната белковина казаин. Цврстата супстанца со притисок ја добива својата форма.[1] На некои сирења намерно се додава мувла на рабовите или во целата смеса.
Вкусот и конзитенцијата на сирењето зависи од: видот на млекото, начинот на исхрана на животните, содржината на млечните масти, пастеризација, начинот на изработка на видот на бактериите и мувлата што се користат, како и од староста на самото сирење. На сирењата често се додаваат билки, се чадат или им се додаваат некакви ароми. При изработка на некој видови сирења млекото се згрутчува и со додавање на лимонска киселина.
Сирењето е покомпатно и подолго трае од млекото но рокот на траењето на сирењето зависи од неговиот тип, а многу видови на сирење вообичаено е да се конзумираат 3-5 дена по отворање на пакетчето од продавница. Тврдите сирења траат подолго од меките.
Постојат различни мислења за тоа како треба да се чува сирењето. Некои сметаат дека е најдобро да се чува во хартија за сирење, бидејќи од внатрешната страна таа хартија е пластифицирана, со што сирењето е заштитено од губење на влажноста.[2]
Постои специлизирана професија продавач на сирење. Стекнување на експертско знаење на ова поле бара формално образование и долготрајно искуство. Експертите се одговорни за сите аспекти при подготовка на сирењето.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.