Сириски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сириски јазик (ܠܫܢܐ ܣܘܪܝܝܐ Leššānā Suryāyā), или познат како сириско-арамејски или класичен сириски,[4][5] — стандардизиран дијалект на средноарамејскиот јазик. Јазикот се појавил/ развил во раните почетоци на 1 век во Едеса, Месопотамија,[6] и класичниот сириски јазик станал главен книжевен јазик во Блискиот Исток од 4 до 8 век,[7] така што денес има богат книжевен сириски фонд. Всушност, сириската литература е околу 90% од арамејската книжевност.[8] Сирискиот бил некогаш зборуван во голем дел од Блискиот Исток, како и во Анадолија и Источна Арабија.[1][2][9]
Сириски јазик | |||
---|---|---|---|
ܠܫܢܐ ܣܘܪܝܝܐ Leššānā Suryāyā | |||
„Сириски јазик“ на сириски. | |||
Изговор | lɛʃʃɑːnɑː surjɑːjɑː | ||
Застапен во | Горна Месопотамија, Источна Арабија[1][2] | ||
Ера | Драстично се намалил како секојдневен јазик во 14 век[3] | ||
Јазично семејство | афроазиско
| ||
Писмо | сириска азбука | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-2 | syc | ||
ISO 639-3 | syc класичен сириски | ||
|
Староарамејскиот бил присвоен од Новоасирската Империја (911-605 г. п.н.е.) кога Асирците ги освоиле различните Сириско-хетски држави на запад. Ахеменидското Царство (546-332 п.н.е.), која се воздигнала по падот на Асирската Империја, исто така го задржала староарамејскиот како службен јазик. Така, староарамејскиот останал „лингва франка“ во регионот. За време на 3 и 4 век, жителите на тој регион почнале да го примаат Христијанството.
Следствено по примањето на христијанството, и поради богатата историја на арамејскиот јазик, сирискиот станал еден од трите најважни христијански јазици, заедно со латинскиот и старогрчкиот.[10] Од 1 век, сирискиот станал движечка сила на Сириското Христијанство и култура, а воедно се воспоставил како богослужбен јазик на Сириската Православна Црква, а воедно и на Асирската Црква на Истокот и нејзините Калдејска Католичка црква, Древна Црква на Истокот, Индиска Православна Црква,[11] и Асирска Пентекостална Црква.
Сириското Христијанство и сирискиот јазик се проширил нив Азија, најдалеку до Малабарскиот Брег[11] и источните делови на Кина.[12] Јазикот бил средство за комуникација и културна дисеминација за подоцнежните Арапи, а во помал дел и на Партската и Сасанидското Царство. Иако со текот на времето станал христијански медиум за изразување, сирискиот имал фундаментало културно и книжевно влијание врз развојот на арапскиот,[13] кој пак во најголем дел го заменил сирискиот како секојдневен јазик кон 14 век.[3] Денес, сирискиот останал свет јазик за Сириското Христијанство и важен симбол за христијанскиот идентитет на Асирците.