поранешен ан и сарај во Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Сули ан — поранешен ан и караван-сарај во Скопје, сместен во внатрешноста на Старата скопска чаршија. Градбата се наоѓа во непосредна близина на Чифте амам и Мурат-пашината џамија и заедно со овие два објекта ја сочинува единствената постојна „исламска тројка“ на територијата на чаршијата и во Скопје воопшто. Во Сули ан, денес се сместени Музејот на Старата скопска чаршија и Ликовната академија.[1]
Во заветот на Иса-бег, анот се споменува под името „стар ан“. Името „Сули ан“, коешто во превод од турски значи „воден ан“, го добил подоцна, поради тоа што се наоѓал во непосредна близина на течението на реката Серава.[2]
Објектот е изграден е во првата половина на 15. век од страна на Исхак-бег и во неговото завештание е оставен како дел од имотот на Исхак-беговата (Шарена) џамија. Анот за првпат се споменува во документите од времето на Иса-бег, син на Исхак-бег, каде што е прикажан збирен преглед на приходите и расходите од вакуфот на Исхак-бег. Во текот на 16. век, тој бил пренаменет и на долниот и горниот кат биле отворени дуќани, главно во сопственост на Евреи. Анот тешко настрадал во пожарот од 1689 година, по што бил обновен и продолжил да работи како трговски објект. По земјотрезот од 1963 г. бил речиси целосно разрушен, а подоцна повторно е обновен.[3] Во него, денес се сместени Музејот на Старата чаршија, а од 1982 година и Ликовната академија.[1]
Градбата е карактеристичен претставник на исламската световна архитектура, а по својот облик е слична на поголемиот Куршумли ан. Неговата основа претставува квадрат и зафаќа површина од 2.101 м2[2]. Граден а на ист начин како и останатите караван-сараи, со делкан камен, редови тули и слоевит малтер. Се состои од приземје и кат со масивни ѕидови и сводови. Приземјето служело за чување на стоката, додека патниците и трговците преноќувале на катот. Тремот е подигнат на 18 столбови, а собите биле подредени во низа и распределни на сите четири страни. Кон анот водат два влеза, на источната и на западната страна, од кои главниот се наоѓал на источната и во минатото пред него течела реката Серава. Поради големиот број дуќани наоколу, анот остава впечаток дека е вовлечен во просторот.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.