Тимуриди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тимуридите или Тимуридска династија (персиски: تیموریان), биле сунитска муслиманска династија од турско-моноголско потекло [1][2][3][4] која владеела со Иран, Авганистан, голем дел од Средна Азија, како и делови на современ Пакистан, Месопотамија, Анадолија и Кавказ. Династијата била основана од големиот освојувач Тамерлан (Тимур) во XIV век. По смрта на Тамерлан, неговите потомци изгубиле голем дел од териториите, меѓутоа успеале да ја сочуваат власта во Средна Азија. Во 16 век, Бабур, тимуридски кнез од Фергана, основал мало кралство во Кабулистан, денешен Авганистан. Отаму, го нападнал Хиндустан и ги поставил основите на Могулското царство во Индија.