From Wikipedia, the free encyclopedia
Тијана Бошковиќ (родена во Требиње, 8 март 1997) е српска одбојкарка која потекнува од Република Српска. Игра на позицијата како коректор. Моментално настапува за турскиот тим на Еџзаџибаши.
Во помладите категории настапувала за женскиот одбојкарски клуб Херцеговац од Билеќа. Од 2011 година таа преминала во одбојкарскиот тим на Партизан Визура каде што освоила две шампионски титули, еден куп и два српски суперкупа.
Бошковиќ е член на сениорската репрезентација на Србија, една од водечките играчи во тимот. Со репрезентацијата освоила медали во натпревари во јуниорска, но и во сениорска конкуренција.
Била прогласена од ФИВБ и ЦЕВ за најкорисна одбојкарка на Светско и на Европско првенство.
Таа го држи светскиот рекорд за брзина на смечот од 110,3 километри на час. Овој резултат го постигнала во 2021 година на полуфиналниот натпревар на ЕП против селекцијата на Турција.
Таткото на Тијана, Љупко бил фудбалер, а мајка ѝ Весна не спортувала. Има помлад брат со име Вук и постара сестра Дијана која исто така се занимава со одбојка.[1][2]
Тијана е родена на 8 март 1997 година во Требиње на југот на Република Српска. Во помладите категории настапувала за женскиот одбојкарски клуб Херцеговац од градот Билеќа, каде тренер бил Зоран Видаковиќ.[1] Во 2011 година преминала во тимот на Партизан Визура, со кој во сениорска конкуренција освоила две шампионски титули, еден куп и два српски суперкупа. Подоцна, таа за прв пат настапила во дресот на младата српска репрезентација.
Со јуниорската репрезентација на Србија го освоила првото место на ЕП 2014 година, кога била прогласена за најдобра одбојкарка на тој турнир. За сениорската селекција на Србија за прв пат настапила на СП 2014 година, а веќе во првиот настап против Турската женска одбојкарска репрезентација била најдобар поентер на натпреварот.[3] Следната година го освоила второто место со репрезентацијата на Србија на Светското првенство во Јапонија и третото на Европското првенство во Холандија и Белгија.
Тијана постигнала голем успех со репрезентацијата на Олимписките игри во Рио 2016 година, кога го освоила сребрениот медал.[4] Таа освоила бронзен медал на Светското Гран При 2017 во Нанџинг.[5] Подоцна, во 2017 година била прогласена за најкорисен играч (МВП) на Европското првенство. Бошковиќ ја предводела Србија до титулата европски шампион со вкупно 29 поени во финалето. Тоа била втора титула за земјата по прогласената независност.[6] Истата, 2017 година, официјално е прогласена за најдобра одбојкарка во Европа.[7] Со екипата на Еџзаџибаши во 2018 г.одина го освоила Купот на ЦЕВ и била прогласена за најдобар одбојкар (МВП).[8]
Покрај освојувањето на првиот златен медал во историјата на српската одбојка на Светските првенства,[9] Тијана е прогласена за најдобар играч - МВП на Светското првенство во Јапонија во 2018 година.[10] Тијана била прогласена за најкорисен играч (МВП) и на Европското првенство 2019 година во Турција, што било трет пат по ред да биде избрана за најдобра одбојкарка на Европско или Светско првенство.[11]
На Олимписките игри во Токио 2020 година таа освоила бронзен медал, а селекцијта на Србија ја победила одбојкарската репрезентација на Јужна Кореја во борбата за бронзата.[12] Таа била прогласена за најдобар коректор на олимпискиот турнир.[13]
На 3 септември 2021 година, во натпреварот од полуфиналето на ЕП против репрезентацијта на Турција, таа го соборила светскиот рекорд за брзина на смечот (удар во напад) од 110,3 километри на час. Тоа е најбрзиот удар во историјата на женската одбојка откако се спроведуваат официјалните мерења.[14] Таа на тоа првенство, чие финале се одржало во Белград, освоила сребрен медал.[15] Тијана и на тоа натпреварување била избрана за најдобар коректор.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.