Треви
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тревите (науч. Poaceae) се фамилија на монокотиледонски растенија опфатени со научното име Poaceae или поранешното Gramineae. Ова е голема група на скриеносемени растенија кои се многу важни од економски и еколошки аспект. Фамилијата брои околу 635 родови и 9000 видови, правејќи ја четвртата најголема фамилија на растенија, по Fabaceae, Orchidaceae и Asteraceae.
Poaceae (вистински треви) Период: Доцна Креда - денес | |
---|---|
Цветната глава на Alopecurus pratensis со прашници | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Монокотиледони |
Ред: | Тревовидни |
Семејство: | Треви (Р.Бр.) Барнхарт |
Потсемејства | |
Постојат 7 потсемејства: |
Сите житарици припаѓаат на оваа фамилија. Најпознати култивирани растенија се оризот, пченицата, пченката и јачменот. Од шеќерната трска се добива најголемиот дел од светското производство на шеќер, додека од бамбусот се добиваат важни градежни материјали, а се користи и за производство на хартија и храна. Тревите се примарниот извор на храна за човекот, домашните и дивите животни.
Тревите се најшироко распространетите цветни растенија, кои можат да се сретнат од Арктикот, преку умерените и тропските региони, па до Антарктик. Тревите се единствените цветни растенија кои растат на Антарктикот. Овие растенија се најчести во отворените станишта, како што се прериите, тундрите, степите и саваните, но ги има и во шумите (особено во тропските области). Одделни видови се водни растенија, а некои се среќаваат и во пустините.