ФК Манчестер Сити
англиски фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Манчестер Сити (англиски: Manchester City F.C.) — професионален фудбалски клуб од Манчестер, Англија. Основан во 1880 година под името Сент Маркс (Вест Гортон), клубот го добил денешното име Манчестер Сити во 1894 година. Од 2003 година својте домашни натпревари ги играат на стадионот Етихад, кој го заменил Мејн Роуд нивниот поранешен дом уште од 1923 година.
Манчестер Сити | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Манчестер Сити | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Граѓани | |||
Основан | 1880; пред 143 години (1880) | |||
Бои | светлосина и бела | |||
Стадион | Етихад | |||
Капацитет | 55.017[1] | |||
Сопственик | City Football Group | |||
Претседател | Халдун Ал Мубарак | |||
Менаџер | Пеп Гвардиола | |||
Лига | Премиер лига | |||
2019–20 | Премиер лига, 2. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот најголеми успеси остварил кон крајот на 1960. години и почетокот на 1970. години, кога успеал да ги освои англиското првенство, ФА Купот, Лига Купот и УЕФА Купот на победници на куповите под водство на тренерите Џо Мерсер и Малколм Елисон. По поразот во финалето од ФА Купот во 1981 година, клубот доживеал пад, кој кулминирал со испаѓање во трета лига на англискиот фудбалски систем во 1998 година. Откако успеал да се врати во Премиер лигата во 2000 година, клубот во 2008 година бил купен од страна на Abu Dhabi United Group и оттогаш станал еден од најбогатите во светот. Од 2011 година, Манчестер Сити освоил 14 големи титули, вклучувајќи четири титули во Премиер лигата.
Во сезоната 2018–2019, Манчестер Сити бил петти најпрофитабилен фудбалски клуб со остварен годишен приход од 568,9 милиони евра.[2] Во 2019 година, списанието Форбс проценило дека клубот вреди 2.69 милијарди долари.[3]