ФК Порто
португалски фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Порто или попознат како Порто, е португалски фудбалски клуб од градот Порто кој се наоѓа во северниот дел од државата. Клубот е основан на 28 септември 1893 година,[2][3][4][5] во градот Порто и е еден од трите најголеми и најпознати фудбалски клубови во Португалија, заедно со Бенфика и со Спортинг Лисабон, кои се воедно најголемите соперници на Порто. Навивачите на ФК Порто се нарекуваат "Portistas" или "Dragões" што во превод би значело "змејови".
Целосно име | Фудбалски клуб Порто | ||
---|---|---|---|
Прекари | Dragões (змејови) Azuis e Brancos (сино-белите) | ||
Основан | 28 септември 1893 | ||
Стадион | Драгао Порто, Португалија (Капацитет: 50,399[1]) | ||
President | Хорхе Нуњо Пинто да Коста | ||
Тренер | Виктор Переиера | ||
Лига | Примеира лига | ||
2023/24 | Примеира лига, 3. | ||
Мреж. место | Службено мрежно место | ||
| |||
ФК Порто е еден од најуспешните португалски фудбалски клубови во интернационални рамки со освоени 7 титлули, и втор најуспешен клуб во Португалија со освоени 64 титули.
Во земјата Порто го држи рекордот од 5 титули по ред во Португалската Премиера, а лигата ја има освоено вкупно 25 пати. Португалскиот Куп клубот го има освоено 20 пати, а Португалскиот Супер Куп 18 пати. Порто заедно со ФК Бенфика се единтвените 2 тима во Португалија кои успеале да останат непоразени во цела една сезона од 30 натпревари. Порто тоа го отствари во сезоната 2010/11 која ја завшри на првото место со 27 победи и 3 нерешени натпревари.
На меѓународна сцена, ФК Порто е многу успешен клуб, со национален рекорд од 7 титули: Европскиот Куп во сезоната 1986/87, Интерконтиненталниот Куп во 1987, и УЕФА Супер Купот исто така во 1987 година со што станал еден од малкуте фудбалски клубови со освоени 3 меѓународни титули а единствен во Португалија, потоа во сезоната 2002/03 го освоил Уефа купот (единствена титула на Португалија во Уефа купот), во сезоната 2003/04 ја освоил Лигата на Шампионите (единствена титула на Португалија во Лигата на Шампионите), во 2004 го освоил Интерконтиненталниот Куп, како и во сезоната 2010/11 Уефа Европа Лигата) (единствена титула на Португалија во Уефа Европа Лигата).