Хилперик I (крал на Франките)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хилперик I (роден меѓу 525 и 527,[2] починат меѓу 20 и 28 септември 584 во Шел)[3] — втор по ред крал на Соасон од династијата Меровинзи.
Хилперик I | |
---|---|
![]() « Хилперик, крал на Франција » од Жан Дасие (1676-1763). Биста на кралот Национална библиотека на Франција. | |
Крал на Орлеан | |
Роден(а) | 525-527[1] |
Починал(а) | септември 584 Шел (Франција) |
Сопружници | Одовер Галсвинта Фредегонда |
Деца | Теодеберт (околу 552-575) Меровех (553/556-577) Базина (555/564-?) Хлодовик (околу 557-580) Клодеберт (565/570-580) Ригонда (v. 569-589) Самсон (575-577) Дагоберт (580) Теодорих (582-584) Хлотар II (584-629) ![]() |
Династија | Меровинзи |
Татко | Хлотар I |
Мајка | Арнегонда |
Тој е внук на Хлодовик, крал на Франките, и син на кралицата Арнегонда и на Хлотар I, кого го наследува од 561 до 584. За неговото владеење се знае благодарение на Десет книги по историја, хагиографија напишана од владиката Григориј Турски, каде тој раскажува за владеењето на « добрите » и на « лошите » кралеви. Во овие раскази, тој зборува за супериорноста на духовната моќ (аукторитас) која ја имале владиците а разлика од минливата моќ (потестас) што ја имале кралевите.[4]. Поради оваа причина, владиката од Тур му се спротивставува на Хилперик кога овој ги суди владиците чие достоинство е супериорно[5].
По смртта на Хлотар I, Хилперик го наследува најмалиот дел од кралството на Франките. Таквата поделба создала големо соперништво меѓу браќата, синови на Хлотар, кои претендирале да го имаат целото кралство. Хилперик започнал граѓанска војна која била прекината по обединувањето на regnum Francorum од страна на неговиот татко, поради фактот дека тој не можел да ги добие Тур и Поатје во тек на поделбата, коишто градови татко му ги држел до 511. Зближувањето на Австразија со Аквитанците и со Вииготите исто така му послужило како мотив а војна. Затоа во обид да го проширува кралството се борел со браќата а смртта на двајца од нив му овозможила територијално да се прошири.
Хилперик бил еден од последните меровиншки кралеви кои владееле во апсолутна монархија врз своите поданици[6], пред моќта да премине кај благородниците.
Сите претходни негови синови умреле или од епидемии или пак биле убиени, освен еден, Хлотар, кој се родил in extremis пред тој да биде убиен во Шел, во тек на некој лов. Неговото кралство тогаш било сочувано од страна на кралицата Фредегонда, и неговиот полубрат Гунтрам, кои го заштитиле кралството додека синот на Хилперик бил малолетен.