From Wikipedia, the free encyclopedia
Меровинзите биле салискофранкиска династија која владеела со Франките во регионот (познат како Франкија на латински) кој одговара на старата Галија од средината на 5-от век. Тие често војувале едни со други меѓу гранки во семејството. Во тек на последниот век на нивното владеење, династијата сè повеќе добивала само церемонијална улога. Владеењето на Меровинзите завршило во март 752 кога папата Захариј формално го соборил Хилдерик III.[1][2] Наследникот на Захариј папата Стефан II , исто така го потврдил и го крунисал Пипин Малиот наместо Хилдерик во 754 и со тоа започнува каролиншката монархија и почеток на Светото Римско Царство.
Тие понекогаш се нарекуваат и „долгокоси кралеви“ (лат. reges criniti) поради нивната долга коса (традиционално, водачот на Франките носел долга коса за да се разликува од Римјаните и свештенството). Терминот „Меровинзи“ потекнува од латинскиот збор Merovingi или Merohingi („синови на Меровех“)[3].
Меровиншката династија своето име го должи на полулегендарниот Меровех (латинизиран како Meroveus или Merovius), водач на Салиските Франки, и се појавува во пошироката историја со победите на неговиот син Хилдерик I (457 – 481) против Визиготите, Саксите, и Алеманите. Синот на Хилдерик, Хлодовик I (481 – 511) успеал да обедини повеќе Гали северно од Лоара и да ги стави под своја контрола во 486, кога го поразил Сијагриј, римскиот владетел во тоа подрачје. Тој победил во Битка кај Толбијак против Алеманите во 496, кога според Григориј Турски, ја прифатил христијанската вера. Потоа тој ги поразил Визиготите чие кралство било во Тулуза во Битката кај Вује во 507. По смртта на Хлодовик, неговото кралство било поделено меѓу неговите четири сина, и во тек на следниот век оваа традиција на делба продолжила. Иако секој од овие меровиншки кралеви си владеел со свое кралство, за доцната Римското Царство тоа значело еден ист ентитет со кој колективно владееле овие неколку кралеви (секој во своето кралство) меѓу кои по ред настани можело да дојде до повторна обединување на целото кралство под еден владетел.
По смртта на Хлодовик I во 511, кралството на Меровинзите ги вклучувало сите Франки и цела Галија но не и Бургундија. За надвор, кралството, иако поделено меѓу различни кралеви, го задржало единството и ја освоило Бургундија во 534. После падот на Остроготите, Франките исто така ја освоиле и Прованса. После тоа нивните граници со Италија (со која владееле Ломбардите од 568) и со визиготската Септиманија останале мошне стабилни.[4]
Внатрешно, кралството било поделено меѓу синовите на Хлодовик а подоцна и меѓу неговите внуци и честопати се војувало меѓу разните кралеви, кои брзо станувале сојузници или пак се вртеле еден против друг. Смртта на еден крал создавала конфликт меѓу преживеаните браќа или пак со синовите на покојниот, и сето тоа имало разноразни исходи. Подоцна тие конфликти станале дури и посилни. Честите војни не значеле целосно пустошење туку зеле речиси ритуален карактер, со определени 'правила' и норми.[5]
Најпосле, Хлотар II во 613 го обединил целото франкиско кралство под еден владетел. Подоцнежните поделби предизвикале стабилни целини, односно Австразија, Неустрија, Бургундија и Аквитанија.
Честите војни ја ослабнале кралската моќ, додека аристократијата била во добивка и добивала огромни концесии од кралевите заради нивната поддршка. Со овие концесии моќта на кралот пропаѓала на сметка на грофовите и војводите). Сепак во недостиг на доволни извори, многу малку се знае за текот на 7-от век. Меровинзите останале на власт сè до 8-от век. Синот на Клотер Дагоберт I (умрел во 639), кој испратил трупи во Шпанија и во паганските словенски територии на исток, е последниот моќен меровиншки крал. Подоцнежните кралеви се познати како rois fainéants ("никакви кралеви"), односно кралеви кои ништо не правеле туку препуштале на своите мајордоми да им ги вршат работите. Многу кралеви млади дошле на престолот а потоа и млади умирале, со што уште повеќе се намалувала кралската моќ.
Конфликтот меѓу мајордомите завршил кога Австразиците под Пипин Средниот во 687 победил во Битката кај Тертри. После ова, Пипин, иако не бил крал, станал политички водач на франкиското кралство и оваа позиција му ја оставил во наследство на неговиот син. Сега синовите на мајордомите го делеле кралството меѓу себе под владеење на единствен крал.
После долгото владеење на Пипин, неговиот син Карло Мартел стекнал моќ, борејќи се против благородниците и неговата маќеа. Неговата репутација на суровост дополнително ја поткопала кралската моќ. Под водство на Карло Мартел, Франките ги поразиле Маврите во Битката кај Тур во 732, сопирајќи го ширењето на исламот на европскиот континент. Во тек на последните години од неговиот живот, тој дури владеел и без крал, сепак, тој не зел кралско достоинство. Неговиот син Карломан и Пипин уште еднаш го удостоиле Хилдерик III за да го задушат бунтот на периферијата на кралството. Сепак, во 751, Пипин најпосле го заменил последниот Меровинг и со поддршка на аристократијата и со благословот на папата Захариј, станал еден од француските кралеви. На отфрлениот Меровинг му била ошишана симболичната долга коса и бил пратен во манастир. Со Пипин, Каролинзите станале кралеви на Франките.
Меровиншкиот крал бил господар на сè што ќе се стекнело со војна, емја, луѓе, предмети, и тој бил задолжен за поделбата на стекнатото богатство меѓу неговите следбеници, што значи неговата моќ не била апсолутна. "Кога умирал неговиот посед бил еднакво поделен меѓу наследниците иако се работело за личен посед: кралството било форма на оставнина " (Rouche 1987 p 420). Некои историчари сметале дека ова се случувало дека на Меровините им недостигало смисла за of res publica (анг. republic за "public matter"), но други историчари го критикувале ова гледиште како премногу поедноставување на нештата.
Кралевите своите намесници ги назначувале да бидат комити (грофови), задолжувајќи ги за одбраната, администрацијата, и за пресуди при кавги. Грофовите требале да снабдуваат со војска, да регрутираат и да ги снабдуваат со земја. Овие војски биле повикувани од кралот како негова воена поддршка. Годишни национални собранија на аристократи одлучувале за поголемите политики и за војувањето. Војската исто така ги прогласувала новите кралеви дигајќи ги на своите штитови продолжувајќи ја така старата практика со која кралот бил оној што ќе победел во битка. Понатаму, од кралот се очекувало да се одржува самиот со производите на неговото лично царство (royal demesne), што било нарекувано фиск. Овој систем со време се развил во Феудализам, и очекувањата кралот да се одржува сам траеле сè до Стогодишната војна. Трговијата опаднала со опаѓањето и пропаѓањето на Римското Царство, па во поголемиот дел се опстојувало од емјоделието. Во останатата интернационална трговија најмногу доминирале блискоисточните трговци, најчесто еврејските Раданити.
Меровиншкиот закон не бил универзален закон кој важел подеднакво за сите; тој се применувал а секој поединец зависно од неговото потекло: Рипуријанските Франки биле предмет на нивниот Lex Ripuaria додека пак таканаречениот Lex Salica (Салиски Закон) важел а салиските кланови, чиј прв обид за кодифицирање бил во 511 (Rouche 1987 p 423) и се укинал кога владеела династијата Валоа.
Христијанството било донесено кај Франките од страна на монасите. Најпознатиот од сите овие мисионери е Свети Колумбанус, ирски монах кој ивршил големо влијание кај кралицата Батилда. Меровиншките кралеви и кралици ја користеле новоформираната свештеничка моќ во своја корист. Манастири и епископски седишта биле давани како награда на елитите коишто ја поддржувале династијата. Големи парчиња емја биле донирани на манастирите, истите биле ослободени од даноци за да се зачуваат во семејството. Семејството ја зачувало власта врз манастирите со тоа што членови на семејството биле именувани за игумени, опати (аба). Некои синови и ќерки кои не можеле да се венчаат биле праќани во манастирите за да не го загрозат наследството на постарите деца. Оваа прагматична примена на манастирите осигурала тесни врски меѓу елитите и манастирските имоти.
Бројни Меровинзи кои служеле како бишопи и опати, и кои биле основачи на опатии и манастири, биле прогласувани за свети. Најкарактеристична форма на меровиншката култура е претставена преку житијата на светците. Меровиншката хагиографија не била да се реконструира биографија во римска или модерна смисла, туку да се привлече и задржи народната побожност со формули на обработени книжевни вежби, со што Франкиската црква ја канализирала народната побожност, ја дефинирала природата на светоста и задржала одредена контрола вр култовите кои спонтано се равивале при погребите, каде животната сила на светецот била присутна да чини добрина при верски пожеланија.[6]
Vitae et miracula („Животи и чуда“), кои биле суштинскиот елемент на меровиншката хагиографија, биле гласно читани на праникот на светецот. Многу меровиншки светци, и поголемиот дел светици, биле локални, обожавани строго во нивниот регион; нивните култови оживеале во средниот век, кога голем број од женската популација се заредувале во манастир.[7]
Меровиншките гробови биле саркофази од глина, ковчези од дрво а некогаш поединци закопани само во земја. Тие обично содржеле бројни накити, оружја, остатоци од облека и други дарови. Дури во каролиншката епоха, даровите биле забранети од Црквата, како паганска пракса.
Главно, истражувањата покажуваат дека луѓето биле со добро здравје и робустни, ретко се забележува дека гладувале.
Многу ретко има детски гробови. Во тој период, децата се крштевале на возраст од 3-4 години, кога биле сигурни дека детето е во добро здравје и дека ќе живее, бидејќи едно крштевање чинело мошне скапо. Починатите деца кои не биле крстени биле закопувани како не-христијани, надвор од светите места.
Во бројни митови Меровинзите се прикажани како потомци на Тројанците,[8] или на петоглавото морско чудовиште познато како Квинотаур. Меровинзите се нашироко споменувани во книгата Света крв и светиот грал, во која се вели дека се потомци на Исус, засновано на лажна информација што ја пуштил Пјер Плантар во средината на 20-от век. Филмот од 2006, Кодот на Да Винчи, заснован на истоименото дело на Ден Браун, ги третира истите теми на светата крв“. Во него, главниот лик, Софи, открива дека е потомок на меровиншката крвна лоза, која потекнува директно од самиот Исус Христос. Меровинг е името на антагонистот во третиот дел на трилогијата „Матрица“. Некои одлики на овој лик соодветствуваат со одликите на однесувањето на Меровинзите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.