Химна на Европа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ода на радоста (оригинален назив на германски: Ode an die Freude) е химна на Европската Унија и Советот на Европа; притоа и двете ја сметаат за Химна на Европа[1][2] поради намерата на Советот тој да ја претставува Европа како целина, а не да биде само некаква организација.
Кратки факти макед. Ода на радоста, Друг наслов ...
макед. Ода на радоста | |
---|---|
Страница од оригиналниот запис на Бетовен. | |
Официјална химна на Европската Унија | |
Друг наслов | Химна на Европа[1][2] |
Текст | Фридрих Шилер, 1785 |
Музика | Лудвиг ван Бетовен, 1824 |
Усвоена | 1972 и 1985 |
Звучен извадок | |
Ода на радоста (инструментална верзија) | |
Затвори
Химната била заснована на финалниот став од Бетовеновата Деветта симфонија, компонирана во 1823 година, и се изведува на официјални настани организирани од двете организации.