Централна Србија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Централна Србија или средна Србија, потесна Србија или територија на Република Србија надвор од териториите на автономните покраини е колоквијално име за дел на територијата на Република Србија која се наоѓа надвор од териториите на автономните покраини: Војводина и Косово. Централна Србија не претставува посебна административна управна единица и не е дефинирана ниту во еден законски или сличен документ туку овој поим се воведе исклучиво поради разликувањето на деловите на Србија кои се во автономните покраини од оние делови на териториите кои се директно подредени на Републичките власти.
До 2009, Централна Србија беше статистички регион; но со формирањето на новите статистички региони на Србија во 2009-2010, територијата беше поделена на три нови региони: Регион на Белград, Регион на Јужна и Источна Србија, и Регион на Шумадија и Западна Србија.[1]
Вкупно, во Централна Србија има 17 окрузи и главниот град Белград, има статус на посебен округ.
Од историска гледна точка, територијата која денес ја нарекуваме Централна Србија ја сочинуваат трите историско-географски области Шумадија, Поморавје и српскиот дел од Санџак. Централна Србија е историскиот дел на модерна Србија, која излезе од Српската револуција и буните против Отоманското Царство од 1804 до 1815.[2] Во следниот век, Србија пополека се прошири на југ, со што ја доби Јужна Србија, Санџак и Вардарска Македонија, и во 1918 заедно со останатите Јужни Словени го основа Кралството Југославија. Границите на Централна Србија беа дефинирани по Втората светска војна, кога Србија стана социјалистичка република во СФРЈ, заедно со Косово и Војводина, како нејзини автономни покраини.