Црква „Св. Димитриј“ - Ахил
црква во Ахил, Преспанско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — средновековна црква на преспанскиот остров Свети Ахил, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.[1]
Свети Димитриј | |
---|---|
Αγίου Δημητρίου | |
Остатоците од црквата | |
40°46′53″N 21°5′3″E | |
Место | Ахил, Преспанско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | XIV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Преспанско |
Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Црквата е изградена во XIV век, но денес е во урнатини. Сместена е во западниот дел на островот.[2] Зачувани се само дел од апсидата и јужниот ѕид од овој мал храм. Ѕидовите се направени од месен камен и малтер, подоцна уништен од суровите климатски услови кога престанал да се одржува.[1] Црквата е насликана со вреден фрескопис. При посетета во 1990 г. Стилијанос Пелеканидис наишол на сцената „Поклонение на Агнецот“, со два херувима и два архијереја од левата и десната страна. Денес е зачуван само мал дел од сцената еден херувим и еден јерарх, изложени во Леринскиот археолошки музеј. Живописот датира од XIV век.[1][3]
Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]