![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/aa/Dickens_Gurney_head.jpg/640px-Dickens_Gurney_head.jpg&w=640&q=50)
Чарлс Дикенс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чарлс Џон Хафем Дикенс (англиски: Charles John Huffam Dickens; Портсмут, 7 февруари 1812 — Хајем, 9 јуни 1870) — англиски писател и социјален критичар. Дикенс е автор на едни од најпознатите светски ликови и дела и тој се смета за еден од најголемите писатели во Викторијанската ера.[1] Неговите дела уживале голема популарност своевремено, а веќе во 20 век научниците и книжевните критичари го признале како книжевен гениј.[2][3]
Чарлс Дикенс | |
---|---|
![]() Дикенс во Њујорк, 1867-1868 | |
Роден/а | Чарлс Џон Хафем Дикенс 7 февруари 1812(1812-02-07) Портсмут, Хемпшир, Англија |
Починат/а | 9 јуни 1870(1870-06-09) (возр. 58) Хајем, Кент, Англија |
Почивалиште | Агол на поетите, Вестминстерска опатија |
Занимање | писател |
Националност | британска |
Значајни дела |
|
Сопруг/а | Кејтрин Дикенс |
Деца |
|
Потпис | ![]() |
Дикенс е роден во Портсмут. Тој го напуштил училиштето за да работи во фабрика во период кога неговиот татко бил затворен. И покрај недостатокот на образование, тој бил уредник на неделник цели 20 години, напишал 15 романи, пет новели, стотици кратки раскази и статии, држел предавања, борец за правата на децата, образованието и социјалните реформи.
Успехот на Дикенс започнал во 1836 година со издавањето на Посмртните записи на Пиквичкиот клуб. За неколку години тој станал светска книжевна ѕвезда, познат по својот хумор, сатира и детален приказ на ликовите и општеството. Неговите романи, повеќето објавени во месечни списанија или неделници, биле пионери на сериското издавање на еден расказ, што пак станало доминатен начин за издавање еден роман во Викторијанската ера.[4][5] Овој начин на издавање му дало можност на Дикенс да ја испита реакцијата на публиката за претходното објавено дело и така често ги поправал своите ликови или приказни во согласност со реакцијата на публиката.[5]
Дикенс се сметал за книжевен големник во неговото доба..[6] Неговата новела од 1843, Божиќна приказна, сè уште е популарна и инспирира секакви други адаптации. Оливер Твист и Големите исчекувања исто така се предмет на адаптаци, но тие се исто така важни за деталниот преглед на Лондон и Викторијанска Англија. Дикенс добил пофални критики од голем број светски книжевни џинови, почнувајќи од Лав Толстој па сè до Џорџ Орвел на пример.