Лав Толстој, целосно Лав Николаевич Толстој (руски: Лев Николаевич Толстой), (9 септември 1828 (28 август, Јулијански календар) 20 ноември 1828 (7 ноември по Јулијански календар) 1910) — руски писател, најпознат по неговите романи и новели, богати со психолошка анализа и морално-филозофски белези.

Кратки факти Лав Толстој, Занимање ...
Лав Толстој
Thumb
Лав Толстој
Фотографија на Сергеј Михајлович Прокудин-Горски.
ЗанимањеРоманописец
Период1852 — 1910
ЖанрРоман, новела, есеј
Значајни делаВојна и мир
Ана Каренина
Воскресение
ПотписThumb
Затвори

Толстој се смета за еден од најголемите романописци на сите времиња, во прв ред поради неговите најпознати дела, Војна и мир, историска и реална реконструкција на Наполеоновите војни и Кримската војна и Ана Каренина, трагична љубовна приказна. Како морален филозоф, Толстој е познат по своите идеи за ненасилниот отпор, искажани во неговото дело Царството Божје е во тебе. Овие идеи извршиле големо влијание врз Махатма Ганди, Ромен Ролан и Мартин Лутер Кинг. Покрај писател, Толстој е познат и како морален мислител и реформатор, кој извршил огромно влијание на христијанскиот анархизам. Во тој поглед било создадено Толстојското општествено движење, а самиот Толстој, иако бил воодушевен од создавањето на вакво движење, никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат кон него, сметајќи дека секој треба да има своја свест.

Животопис

Толстој е роден во Јасна Полјана, на дворјанскиот имот од родителите кои потекнувале од благороднички семејства. Тој ја носел титулата гроф и живеел мирен, богат и спокоен живот. Речиси целиот живот го поминал на имотот во Јасна Полјана, освен четири години поминати на школување во Москва, а потоа извесен период поминал во Казањ, каде студирал на Филолошкиот, а потоа на Правниот факултет, кој не го завршил.

Кога се вратил во Јасна Полјана, тој ја започнал својата писателска дејност. Активно учествувал во Кримската војна, каде бил награден за пројавената храброст во битките. Толстој го посетил Париз, ја прошетал Швајцарија, но се разочарал од Западот и се повлекол засегаш на својот имот во Јасна Полјана. Се оженил со ќерката на еден московски доктор, која му родила 13 деца.

Толстој зборувал многу јазици – англиски, француски, германски, италијански; ги знаел и: грчкиот, латинскиот, украинскиот и татарскиот; а ги изучувал и: турскиот, холандскиот и бугарскиот.

Творештво

Значење и влијание

Според српскиот поет Јован Дучиќ, заедно со Достоевски, Толстој е најголемиот пророк меѓу писателите во нашето време.[1] Францускиот писател Албер Ками во младоста бил голем љубител на творештвото на Толстој.[2] Еден прозен текст на македонскиот писател Блаже Конески од 1988 година, насловен „Толстоисти“, го опишува неславниот обид на група струмички студенти да ја го применат учењето на Толстој.[3]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.